Разговор:Мирослав Спироски

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Наводи наместо Референци, англизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 18:52, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

Поводно

КИРИЛУ...

Пишува: Мирослав СПИРОСКИ miroslav_spiroski@yahoo.com 070 617-930 „Она што го работи владиката Кирил е света рабпта.“ (Архиепископ охридски и македонски г.г. Гаврил)

Замина, го предаде својот дух на Бога единствениот жив потписник (до 11 јуни 2013 година) на историската Одлука на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква за возобновување на целосната духовна и канонска автокефалност на Охридската архиепископија, Неговото високопреосвештенство, митрополитот полошко-кумановски господин Кирил (Никола Поповски). По 79 години (роден е на 23 јули 1934 година) овоземно Богољубие, Македеонољубие и Сечовекољубие, во светата македонска земја се всели корифејот на возвишеното македонско достоинство и по вертикала и по хоризонтала, распнувајќи се сеоддајно на тој Духовен Наш Крст (ДНК). Тоа беше неговата духовна генетика, а се’ друго за него, позајмено од трезорот на Вистината, се согласи да му биде животопис. Кога ја пишував книгата „Света македонска мисија“, во која главна личност ми е токму тој, дедо Кирил, а за која во 2006-та година го добив највисокото македонско признание во областа на публицистиката-наградата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, ми рече: „Размислувај, верувај, надевај се, љуби, а ти посебно-пишувај, со душата за да Му се допадне создаденото најпрво на Бога, а потоа на обичните и вистинољубиви луѓе, на народот-гарантите за бесмртноста на сечие добро дело.“ Ова не можев да не го запомнам, бидејќи во реченото го спознав неговиот духовен престол, од кој тргнуваше и создаваше... Ете зошто неговата биографија е рудник на бесмртни духобденија и посветенија Христу Господу, народу македонскому и Светоме Престолу Охридскому и Сеправославному Ерусалиму-Охриду. Пријде кроткум во редот на современиците и ги подаде своите благородни раце кон бесмртноста Плаошничка и ги измеша со недобројот на предците кои се борат со столетија да ја истресат правта антимакедонска од Крстот Господов, внедрен среде светоста семакедонска. За него: -Земјата, на која беше го создале и го донеле на овој свет неговите родители Милица и Бојан Поповски (како четврто дете меѓу осумте рожби) по која гордо и достоинствено зачекори од преспански Царев Двор, до последниот здив му беше света; -Татковината Македонија, со која се гордееше дури и со преблик на љубовта во срцето и душата, до последниот здив му беше света; -Народот македонски, кому му ја посвети целата своја духовна и национална стојност како чедо негово, до последниот здив му беше свет; -Црквата Христова, а во неа и Македонската православна црква, во која го вгради целиот свој овоземен живот, до последниот здив му беше света, со темели од светите апостоли Павле, Лука и други, а возобновувани од македонските корифеи: светите Кирил, Методиј, Климент и Наум, потоа Неговото блаженство Доситеј... Светоста за него беше најголемата вистина, со која Бог ги овенчува одбраните на земјата. Тврдеше и веруваше дека Македонија и македонскиот народ се првопрестолните земни одбраници на Балканот, во Европа и пошироко за ширење на Евангелието. Потврдението го наоѓаше во Светото Писмо на Стариот и Новиот завет. Велеше: „Македонија и Македонците и нивната Света Црква се овековечени во книгата над книгите, во Библијата. Тоа е божјата вистина за целиот свет.“ Затоа, сеоддајно се посвети на единството на македонскиот народ во својата татковина Македонија и насекаде во светот. Бог го виде таквото негово рамноапостолско прозрачение и го дарува со моќ мисионерска, смирненска, обединителна... Не со генералска, каква што посакуваа неговите најблиски. И му ги дарува Светиот Крст и Евангелието за да продолжи со ширењето и утврдувањето на божјата вистина. Благовеста ја прими на Благовештение, 7 април 1964 година, кога се замонаши во манастирот “Раѓање на Пресвета Богородица” кај Кичево и со радост ќе го прими името на македонскиот рамноапостол свети Кирил Солунски. Архиепископот охридски и македонски г.г. Доситеј ќе го ракоположи во ероѓакон, а по кратко време бил унапреден во архиѓаконски чин. Во тоа својство, пролетта 1965 година, младиот Кирил ќе го придружува поглаварот на МПЦ, Доситеј, при посетата на САД и Канада. Архипастирско крштение беше тоа за него пред да се отворат светите двери на првата интерконтинентална епархија на МПЦ. По враќањето од САД и Канада, се вдахновуваше на студии во Московската духовна академија во градот Загорск. А по завршувањето на првиот степен, ќе биде повикан да се врати во татковината заради исполнување на повозвишени духовно-црковни и национални интереси на Македонија, на Македонската православна црква и на македонскиот народ. Во Скопје ги заокружи теолошките студии. На 5 јули 1967 година Светиот архијерејски синод на МПЦ го избра за викарен епископ со титула Тивериополски. Од тој ден г. Кирил станува најмладиот член на САС. По унапредувањето во чин архимандрит, на 11 јули истата година, е извршено наречението, а утредента, на самиот Петровден, ја прими епископската хиротонија. Во рацете веќе го имаше обемниот елаборат за возобновување на автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Го доврши и пет дена подоцна (на 17 јули 1967 година) САС на МПЦ ќе одржи седница во црквата “Света Богородица Перивлепта” во Охрид, на која ќе биде донесена историската Одлука за целосно возобновување на автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. По потпишувањето од страна на сите членови на Синодот: архиепископот г.г. Доситеј и митрополитите г. Климент, г. Наум, г. Методиј и г. Кирил, Одлуката истиот ден беше презентирана пред членовите на Третиот црковно-народен собор, што се одржа во Катедралниот храм на охридските архиепископи и патријарси “Света Софија”. Беше едногласно прифатена и френетично поздравена. На овој собор г. Кирил е избран за прв надлежен архијереј на штотуку востановената Американско-канадско-австралиска македонска православна епархија, со која ќе раководи повеќе од две децении. А од 1971 година ќе биде поставен и за надлежен архиереј на Полошко-кумановската епархија. Целиот свој живот ќе го посвети на духовно-црковното и националното обединување на македонскиот народ. Ќе ги оттргне Македонците (од сите делови на поделена Македонија) од туѓинските цркви, обединувајќи ги во својата Македонска православна црква. И, ете, земен неспокој сети поради заканите од Грчката, Бугарската и Српската православна црква, чии сметки со иселените делови од македонскиот народ засекогаш беа нарушени. Зашто, Кирил градеше македонски, светиклиментови храмови и ги полнеше со народот наш. Секогаш и секаде – победоносец. Затоа и посака да почива во дворот на манастирот посветен на Свети Ѓорѓи Победоносец на македонскиот Сион, Дељадровце. На многаја лета владико победоносен!

(Авторот е новинар и публицист)