Разговор:Бошњаци

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Вратив на верзијата на Bjankuloski06, т.е. на празна статија, што во секој случај е подобро од статија полна со национални и верски предрасуди. Моменталната верзија на Македонец е подобра, но сепак треба се напише понеутрално. Апсурдно е да се каже дека Бошњаците како народ се формирани во 1992 година, а исто така, не постојат некои поголеми контрадикторности и нејасни работи околу тоа дали Бошњаците се посебен народ. --FlavrSavr 22:21, 5 август 2006 (UTC)

Бошњаците за прв пат како народ во некој документ се споменуваат во уставот на БиХ во 1992 година! Претходно во Југославија за нив постоела графа “Муслимани - у смисла народности“. За тоа дека има контрадикторности има, и тоа големи! Ние нив ги прифаќаме како посебен народ само поради нивната голема бројност и разликата во верата! Ако нив ги признаеме за посебен народ, а во суштина се Срби или Хрвати, што ќе правиме со нашите Македонци од исламска вероисповед? Ќе оставиме Фијат Цаноски да ги оддели од Македонскиот Народ и тоа со етноним “љугето од нашио сој“..........

А исто така овие „Бошњаци“ се дрзнаа во Косово Македонците од Гора да ги придобијат да бидат „Бошњаци“..... Македонец 22:28, 5 август 2006 (UTC)

Тоа што официјално се дефинирани како народ баш во тој устав, не значи дека претходно не постоел бошњачки народ. Бошњаците се посебен народ со самиот факт што се дефинираат како посебен народ. Бесмислено е да се говори дека Бошњаците се "муслимански Срби" и "муслинмански Хрвати", исто како што е бесмислено да се говори дека Хрватите се "католички Срби" и обратно. Нашите Македонци со исламска вероисповед се Македонци со исламска вероисповед, и не гледам што е тука спорно, и што би требало да правиме околу тоа. Како некој си ја дефинира неговата националност е негова работа. Што прави Фијат Цаноски, не знам, ниту пак знам зошто треба да бидеме загрижен околу тоа. Тој што се осеќа како Македонец е Македонец, тој што се осеќа како Бошњак, е Бошњак.

За Гораните, не сум сигурен на кој народ припаѓаат тие - најдобро е да се остават на мира сами да одлучат. На крај, повторно, тоа е сосема нивна работа. Тоа што Босанците, Србите, Албанците, Бугарите, па и Македонците ги сметаат за дел од сопствената нација е сосема ирелевантно. Најважно е тоа што ќе одлучат тие самите. --FlavrSavr 22:49, 5 август 2006 (UTC)

ЗОШТО ТРЕБА ДА БИДЕМЕ ЗАГРИЖЕНИ ЗА ГЛУПОСТИТЕ ШТО ГИ ПРАВИ ФИЈАТ ЦАНОСКИ!

1. Делење курани и ширење верски (исламски) фундаментализам во струшките села каде што живеат Македонци со исламска веросиповед

2. Залагање за посебен статус на Македонците со исламска веросиповед во Република Македонија

3. Обиди за формирање посебна националност, немајќи етноним г-дин Цаноски за Македонците со исламска веросиповед го користи терминот „љугето од нашио сој“

4. Барање Македонците со исламска веросиповед („љугето од нашио сој“) да бидат вклучени во владата со образложение дека се посебно национално малцинство

А дека Гораните се Македонци, имав можност лично сам да се уверам во тоа кога ги посетив селата Драгаш и Рестелица (во Гора во Косово) тие за себе велат дека се Македонци и дека зборуваат Македонски јазик. Лидерот на Македонците Муслимани во СМК г-дин Исмаил Бојда е токму Горанец. Македонец 23:19, 5 август 2006 (UTC)

Инаку се согласувам дека личното чувство и определување на еден човек е само негова работа. Но сепак ако некој е роден од татко и мајка Македонци, мајчин јазик му е Македонски, тој е Македонец колку сакал го негирал тоа и се чувствувал поинаку. Црнец може себеси да се смета и чувствува за Кинез, ама очигледно ќе е дека не е Кинез. Македонец 23:21, 5 август 2006 (UTC)