Разговор:Ѓерѓ Лукач

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај

Мислам дека статијава треба да се премести на Ѓерѓ Лукач (Правопис на македонскиот литературен јазик, 277 г, стр. 106), макар што, често, и јас го имам сретнувано Лукач како Џерџ. Односно, ќе треба да се додаде во рамките на веќе постоечката статија Ѓерѓ Лукач. --Виктор Јованоски 17:57, 5 февруари 2008 (UTC).

Јас, тргнувајќи од личното искуство, не сметам дека е секогаш најправилно она што го пишува по разноразните и неусогласени македонски правописи. Кога ја пишував статијата, го именував Лукач со Џ, а не со Ѓ, бидејќи се сетив на едно правило од правопис каде што изречно се посочува дека Genova не треба да се преведува со Ѓенова, следејќи ја логиката на српскохрватскиот јазик, туку со Џенова, следејќи го изговорот во италијанскиот јазик.
Сепак, сега проверив на англиската википедија околу унгарската буква gj [1] и нејзиниот изговор [2] и испаѓа дека сепак било Ѓ. Да не верува човек, нашите пишувачи на правописи овој пат погодиле ;) Така што, промени со Ѓерѓ. (Zdravko 18:21, 5 февруари 2008 (UTC))
Лични алатки