Психолошки нативизам

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во областа на психологијата, нативизмот е гледиштето кое бара одредени вештини или способности кои се вродени или цврсто поврзани со мозокот при раѓањето. Ова е во спротивност на емпиризмот, „празната плоча“ или гледиштето „табула раса“, со кое се тврди дека мозокот има вродени способности за учење од околината, но не содржи нешто како вродени верувања.

Некои нативисти мислат дека специфичните верувања или избори се цврсто поврзани. На пример, еден расправа за тоа дека некои морални интуиции или пак изборот на бои се вродени. Помалку основан аргумент е тоа дека природата го снабдува човековиот ум со уреди за специјализирано учење. Ова подоцнежно гледиште се разликува од емпиризмот само по дополнувањето дека алгоритмите кои го преведуваат искуството во информација, може да бидат посложени и поусовршени кај теориите за нативизмот отколку кај теориите за емпиризмот. Сепак, емпиристите повеќе остануваат отворени за природата на изучувањето алгоритмите и по секое средство се забранети за историските механизми од приврзаниците на бихевиоризмот.

Во филозофијата

Нативизмот има своја историја во филозофијата, особено како реакција на правилно насочените гледишта на Џон Лок и Дејвид Хјум. Хјум изнел убедливо логички аргументи за тоа дека луѓето не можат ја заклучат каузалноста од перцептивниот влез. Најнадежното нешто според што може да се заклучи е тоа дека два настани се случуваат последично или истовремено. Одговорот на овој аргумент вклучува постулат дека концептите кој не се обезбедени преку искуство, како на пример каузалноста, мора да постојат пред секое искуство и оттука доаѓа дека мора да се вродени.

Филозофот Емануел Кант, расправал за тоа во неговото дело Критика на јасната причина (Critique of Pure Reason), кажал дека човечкиот ум ги препознава предметите на вроден, априорен начин. Кант тврди дека луѓето, до самото раѓање, мора да ги искусат сите предмети последователно (според времето) и еден покрај друг (во просторот). Неговата список на вродени категории опишува предикативно дека умот може да е својствен за секој предмет. Шопенхауер (1788-1860 година) се согласувал со Кант, но бројот на вродени категории го намалил на една, каузалноста, што ги претставува другите.

Модулација

Нативизмот најмногу се поврзува со делата на Џери Фодор, Ноам Чомски и Стивен Пинкер, кои тврделе дека сме родени со одредени когнитивни модули (специјално генетички наследени психолошки способности), што ни овозможува да изучуваме и стекнуваме одредени вештини (на пр. јазикот). На пример, децата покажуваат умешност за стекнување на говорен јазик но имаат потреба од постојан тренинг за да научат да читаат и пишуваат. Во делото „празната плоча“, Пинкер вели дека тоа е доказ за вродената умешност на луѓето за обогатување со јазик (но не и за стекнување на писменост).

Голем број на други теоретичари не се согласиле со овие тврдења. Наместо тоа, тие издале алтернативни теории за тоа како модулацијата може да се поттикне со правецот на развојот, како резултат на системот кој постепено ги рафинира и дотерува своите реакции на околните дразби.

Критика

Нативизмот понекогаш се сфаќа како премногу неодреден за да е лажен, како што нема точна дефиниција за тоа кога способноста треба да се оцени дали е вродена. Освен тоа, со современата теорија за нативизмот се создаваат многу малку начини за специфични предвидувања кои може да се тестираат и од повеќето емпиристи се споредува со псевдо – науката или како злобната гранка на „психолошкиот креатизам“. Хенри Л. Редигер трети, како влијателен психолог забележал дека Чомски бил и рационалист; немал потреба од експериментални анализи или податоци од никаков вид кои припаѓаат на јазикот, па дури и експерименталната психолингвистика не му била од голем интерес. Некои научници расправаат за тоа дека претпоставките на лингвистичкиот нативизам биле мотивирани од мислења со поминат рок и дека потребно им било повторно разгледување. На пример, нативизмот бил барем делумно мотивиран од перцепцијата дека статистичките заклучоци, изведени преку искуството, биле недоволни за да гарантираат за сложените јазици измислени од луѓето. Неколку нативистички аргументи биле поттикнати од изјавата на Чомски за тоа дека децата не можеле да ја научат комплицираната граматика која се основала врз лингвистичкиот влез кој тие најчесто го примале и дека заради тоа морало да имаат вроден модул за изучување на јазикот, или уред за стекнување на јазикот. За време на последните децении, доаѓањето на се посложените и пософистицираните видови на математика, како што е на пример теоријата за комплексноста и теоријата на играта, значително видливо било дека екстремно комплицираните системи може да бидат создадени од агенти со неколку (или без) правила за пред програмирањето. Современите емпиристи се трудат да ги применат моделите и техниките на учењето на прашањето за стекнувањето со јазикот, со забележан успех.