Процесор

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај

Процесорот ја има главната задача во компјутерот – да врши обработка на податоците. Тој се состои од голем број електонски кола поврзани во функционални целини и спакувани во еден чип. Основни делови на процесорот се аритметичко – логичка единица, управувачка единица и регистри.

Името на аритметичко-логичката единица кажува која е нејзината намена - да ги извршува сите аритметички операции и сите логички операции при обработка на податоците.

Управувачката единица врши контрола и сонхронизација на работата на процесорот со работата на другите единици на персоналниот компјутер.

Регистрите претставуваат електронски склопови кои можат да паметат повеќе битови. Тие служат за привремено чување на меѓурезултатите при извршување на програмите.

При работата процесорот користи посебни електрични импулси генерирани со голема брзина од т.н. такт-генератор.

Брзината на генерирање на импулсите се нарекува фреквенција. Фреквенцијата се изразува во единицата херци (ang.Hertz)

Најчесто се користат поголеми единици од херц и тоа:

килохерц (1KHz=1000Hz)
мегахерц (1MHz=1000000Hz)
гигахерц (1GHz=1000000000Hz)

На пример, фреквенција на процесорот од 2 GHz претставува брзина на генерирање два милиони импулси во една секунда.