Проценето време на пристигнување

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Проценето време на пристигнување или ПВП (анг. estimated time of arrival или ETA) е мерка за време во кое се очекува некое средство за транспорт или компјутерска датотека да пристигне на одредено место.

Проценетото време на пристигнување во патничкиот и транспортен сообраќај се определува врз основа на оддалеченоста од точката на поаѓање до точката на пристигање и брзината со која се движи возилото (авион, брод, воз, автомобил, амбулантно возило и сл.), додека во интернет сообраќајот врз основа на брзината со која одредена датотека пристига и неговата вкупна големина.

BitTorrent клиентот го одредува ПВП како време за кое се очекува да заврши превземањето на датотеката (пр.: 59мин. 43сек.)