Промена во расположение

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Биполарно растројство се карактеризира со екстремни промени во расположение, обично помеѓу манија и депресија

Промена во расположение е екстремна или брза промена во расположението. Таквите промени во расположение можат да играат позитивна улога во промовирање на решение за проблемот и во креирање на однапред флексибилно планирање. Меѓутоа, кога промените во расположението се толку силни така што се разорни, тие можат да бидат главниот дел на биполарното растројство.

Преглед[уреди]

Брзина и степен[уреди]

Промените во расположение се универзални, разликувајќи се од микроскопски до дивите осцилации на манична депресија, така што може да се проследи континуитет од нормални борби околу самодоверба, преку циклотимија до депресивна болест. Сепак, повеќето промени во расположение на луѓето остануваат во благ до умерен опсег на емоционални подеми и падови. Времетраењето на промените во расположението, исто така, варира. Тие можат да траат неколку часа - ултрадиан - или се протегаат со денови - утрарапид: лекарите тврдат дека е оправдана дијагнозата на биполарно растројство само кога ќе се случат четири последователни денови на хипоманија или седум дена на манија. Во такви случаи, промените во расположението можат да се прошират во текот на неколку денови, дури и недели: овие епизоди можат да се состојат од брза алтернација меѓу чувствата на депресија и еуфорија.

Причинители[уреди]

Промените во нивото на енергија, сексуалниот нагон, спиење, самодоверба, концентрација, дрога или алкохол можат да бидат знаци на претстојно растројство во расположението.

Многу различни нешта можат да предизвикаат промени во расположението, од нездрава исхрана или животен стил до злоупотреба на дрога или хормонален дисбаланс.

Главната причина за промени во расположението е хиперактивноста понекогаш придружена со невнимателност, симптоми поврзани со хиперкинетичко растројство. Ако промената во расположение не е поврзана со нарушување во расположението, третманите потешко се одредуваат. Најчесто, сепак, промените во расположението се резултат на справување со стресни и/или неочекувани ситуации во секојдневниот живот.

Мозочна хемија[уреди]

Ако некој има абнормално ниво на одредени невротрансмитери (НТС) во нивниот мозок тоа може да резултира со промени во расположението или нарушување на расположението. Серотонинот е невротрансмитер во мозокот којшто е вклучен во спиењето, расположенијата и емотивните состојби. Мал дисбаланс на овој НТ може да резултира во депресија. Норадреналинот е невротрансмитер којшто е вклучен во учењето, помнењето и физичката возбуда. Како и серотониниот, дисбаланс на норадреналинот може исто така да резултира во депресија.

Состојби[уреди]

  • Злоупотреба на анаболичен стероид.
  • Хиперкинетичко нарушување.
  • Аутизам или други первазивни развојни нарушувања.
  • Биполарно растројство или циклотимија.
  • Гранично растројство на личноста.
  • Деменција, вклучувајќи ја Алцхајмеровата болест и Хантингтоновата болест.
  • Епилепсија.
  • Хипотироидизам или хипертироидизам.
  • Наизменично експлозивно растројство.
  • Големо депресивно растројство.
  • Менопауза.
  • Предменстурален синдром.
  • Шизоафективно пореметување.
  • Шизофренија.
  • Сезонски афективно растројство.

Третман[уреди]

Когнитивната бихевиористичка терапија препорачува користење на емоционални заглушувачи за да се пробијат самозајакнувачките тенденции било на манични или на депресивни промени во расположението.

Вежбање, слатки, барање мали ( и лесно остварливи) триумфи и користење на делегирано одвлекување на вниманието како читање или ТВ, се меѓу техниките кои редовно се користат од страна на луѓето во разбивање на депресивните промени.

Учејќи да се спуштиме од грандиозните состојби на умот или да се кренеме од претерани состојби на срам, е дел од преземање проактивен пристап кон управувањето со сопствените расположенија и променливото чувство на самодоверба.