Прозелитизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Прозетилизам е поим кој потекнува од старогрчкиот јазик 'πρός' (накај, кон) и глаголот 'έρχομαι' (доаѓам).

Прозителизмот означува наметливо, насилно и фанатично врбување за една вера или политичка групација. Поимот исто така ја означува горливоста на новообратениот и неговите, честопати фанатични настојувања да натера на преобраќање во неговата група што е можно повеќе нови членови (прозелити).

Поимот прозелитизам е тесно поврзан со важни поими во христијанството и теологијата, како на пр. мисионерски налог, единство на Црквата, заедничко христијанско сведочење, екуменизам, дијалог.

Во Стариот завет и Новиот завет прозилетизмот се сфаќа во позитивен контекст. Прозелит било лице кое од паганин се преобратил во еврејското верско, но честопати и национално заедништво. Меѓутоа во последните неколку децении поимот има попримено сосема негативно значење.

Извори[уреди]