Прогресивен џекпот

Од Википедија — слободната енциклопедија

Прогресивен џекпот е џекпот (главна награда за коцкање или исплата) чиј фонд се зголемува секој пат кога некој ја игра играта. Кога ќе се освои прогресивниот џекпот, следниот џекпот се ресетира на однапред одредена вредност и започнува поврорно да се зголемува според истото правило.

Многу слот игри и видео покер игри имаат прогресивен џекпот. Џекпотот се зголемува за мала однапред одредена сума секој пат кога се игра играта. Честопати повеќе машини се поврзани со цел да формираат поголем прогресивен џекпот кој расте побрзо..

Исто така, многу лото игри имаат прогресивен џекпот. По секое извлекување во кое џекпотот не е освоен, голема сума пари се „пренесува“ во џекпот фондот за следното извлекување.

Бројчаник на прогресивен џекпот[уреди | уреди извор]

Износот на џекпотот се зголемува со секое играње на која било машина поврзана на тој џекпот. Сумата за која се зголемува џекпотот е предодредена од казиното („куќата“). Машината што нуди прогресивен џекпот обично го прикажува износот на џекпотот на голем бројчаник за да привлече играчи. Откако играчот ќе го освои џекпотот, џекпотот се ресетира на претходно поставеното минимално ниво.

На пример, на машина чијшто предност на куќата е 5%, придонесот кон џекпот фондот може да биде 1% (една петтина од очекуваниот профит). Понекогаш казината се спремни и да учествуваат во зголемувањето на фондот за џекпот, со тоа што ќе пренаменат дел од профитот. Тоа го прават бидејќи има неколку работи кои ги привлекуваат играчите:

  • релативна новина на прогресивен џекпот (обично, само мал дел од машините за игри ќе бидат поврзани со прогресивен џекпот)
  • постојаното менување на бројчаникот, кој е често прикажан на големи LCD или LED дисплеи
  • голем џекпот, што мотивира повеќе играчи да ја играат играта.

Квалификување[уреди | уреди извор]

Обично прогресивниот џекпот е достапен само за играчите кои играат со максималниот облог по игра. Но, сите облози поставени на таа игра придонесуваат кон џекпотот, не само максималните облози. Како резултат на тоа, играта за која е потребен облог од 10 кредити за играчот да се квалификува за прогресивниот џекпот има можност да достигне повисок џекпот од играта за која е потребен облог од само 5 кредити за играчот да се квалификува.

Обично, џекпотот може да се добие само кога ќе се падне комбинацијата со највисока исплата, на пр. ројал флеш на видео покер или пет од највредните симболи на слот машина (лимони, цреши, алигатори итн.)


Други игри со прогресивен џекпот[уреди | уреди извор]

Постојат и други казино игри кои имаат прогресивен џекпот, не само видео покерот и слот машините. Некои онлајн казина нудат верзии на рулет, блекџек и покер со прогресивен џекпот.

Прогресивен рулет[уреди | уреди извор]

Казино играта рулет со прогресивен џекпот е многу слична на обичната рулет игра.[1] Главната разлика е во тоа што покрај вашите стандардните облози, додавате страничен облог што оди кон џекпот исплатата. Во прогресивниот рулет, страничниот облог е задолжителен. Правилата за победа се различни во секое казино, но обично потребно е да ви се падне ист број повеќе пати по ред.

Прогресивен покер[уреди | уреди извор]

Освен прогресивен видео покер, онлајн казината нудат и прогресивни покер игри. Заедно со стандардниот облог, играчот може да постави дополнителен облог за добивка на прогресивниот џекпот. Правилата за добивка зависат од варијантата на покер која се игра. Добитните комбинации се различни за различните прогресивни верзии на покер, така што тоа е нешто што треба да го проверите пред да играте.

Прогресивен блек џек[уреди | уреди извор]

Не постои голема разлика меѓу обичната блекџек игра и блекџек со прогресивен џекпот. Единствената разлика е тоа што во прогресивниот блекџек има опција да се постави дополнителен облок кој му дава шанса на играчот да освои прогресивен џекпот. Овој "страничен облог" носи победа доколку на играчот му се подели една од неколкуте специфични комбинации, како на пример четири кеца.

Наградите може да се движат од неколку долари до 100% од џекпотот во зависност од различните комбинации на карти. Правилата за победа се разликуваат во зависност од варијантата на блек џек, како и во зависност од казиното.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „How do Progressive Roulette Games Different from Traditional Roulette Games?“. Juantaya. October 2023. Посетено на November 24th, 2023. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)