Предлошка:Ерупции на вулканот Фуего

Од Википедија — слободната енциклопедија
# Датум Опис на настани
1 11-ти септември 1541 година Во извештајот на претседателот на комисијата за природни непогоди на кралската република од 1774 година се наведува дека причината за лизгањето на земјиштето кое довело до поплава која го уништила тогашниот главен град на Гватемала, Сиудад Виахе во 1541 година е предизвикана од ерупцијата на вулканот Фуего.
2 1581 година
1586 година
1623 година
1705 година
1710 година
Ерупции кои направиле штети поврзани со земјотреси, забележани од историчарот Доминго Хуарос.
3 27-30 август 1717 година Силна ерупција на вулканот која била увертира за земјотресите во Сан Мигел.
4 1732 година
1737 година
Ерупции кои направиле штети поврзани со земјотреси, забележани од историчарот Доминго Хуарос.
5 приближно 1800 година Ерупции кои не направиле значителни штети иако траеле и по неколку дена и ја загревале територијата околу Акатенанго до тој степен што не можело да се минува.
6 1880 година Ерупција забележана од истражувачот Еухенио Дусасаи кој се искачил на конусниот врв на вулканот додека бил во активна состојба во 1881 година.
7 1932 година Силна ерупција која ги покрила градовите Антигва (Гватемала), Гватемала Сити, како и државите Хондурас и Ел Салвадор со пепел. Во прилог на оваа ерупција имало големи потреси, громови и невреме.
8 1959 година Силна ерупција што била јасно видлива од Гватемала Сити.
9 14-21 октомври 1974 година Силна ерупција која предизвикала големи загоби во земјоделството. Била окарактеризирана и со пирокластични текови кои уништиле голем дел од растителноста околу вулканот додека населбата Сан Педро Јепокапа во голем дел била затрупана со песок.
10 1-6 јули 2004 година Силни експлозии на вулканот Фуего кои исфрлувале пламен и до 1 км во височина. Огромна количина на лава почнала да се спушта низ планината.
11 13-ти септември 2012 година Најголемата ерупција на вулканот во 21-от век. Евакуирани биле преку 10,000 луѓе.
12 7-ми февруари 2015 година Биле забележани силни експлозии на вулканот Фуего. Била прогласена портокалова узбуна од националниот сеизмолошки институт во Гватемала. Лавата предизвикала пожар во околните шумски подрачја. Состојбата била алармантна бидејќи вулканот предизвикувал 4-6 експлозии на секој час.
13 29-30 ноември 2015 година Вулканот ја зголемил својата активност окарактеризирана со силни експлозии. Во текот на ноќта имало повеќе од три лава текови кои биле долги од 1,5 до 3 км. Владата прогласила портокалова узбуна меѓутоа не продолзжиле со евакуација бидејќи вулканот се смирил. Пепелта исфрлена од вулканот паѓала на југ и југозапад од земајта влијаејќи на заедниците и градовите од овие области. Во текот на ерупцијата имало неколку пирокластични текови кои воглавном течеле низ клисурата позната како „Ла Хонда“.
14 4-ти, 5-ти и 6-ти мај 2017 година Вулканот почнал со мали до умерени ерупции на 4-ти мај во утринските часови. Луѓето биле алармирани дека е можно зголемување на интензитетот на ерупциите како и на експлозиите. Во попладневните часови истиот ден ерупциите се интензивирале и од умерени станале силни. Во текот на ноќта вулканот почнал да еруптира по четврти пат. Ерупцијата била пропратена со пирокластични текови. Ерупција со ваков интензитет немало уште од 2012 година. Била категоризирана со показател на вулканска избувност 3. Вулканот исфрлил повеќе од 14,000,000 кубни метри на магма.