Потопна пумпа
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Потопната пумпа е пумпа со херметички изолиран мотор која се поставува во внатрешноста на извор на течност со цел за полесно испумување на течноста на површината. Значајната предност на овие пумпи е што не ја испумпува течноста врз база на воздушен притисок. Целата технологија се базира на основната логика дека полесно е течноста да се испумпува отколку да се повлекува нагоре.
[уреди] Принцип на работа
Пумпата е херметички заштитена со цел течноста да не го оштети моторот. Преку кабелот моторот добива струја за негова работа при што порамнувачот на фрквенции служи за чистење на шумовите. Со добивањето на енергија моторот ја принудува пумпата да врши исфрлување нагоре на течност која нвлегува низ отворите.
Најчестата употреба на овие пумпи е за вадење на вода или нафта од земјината површина. Овие пумпи најчесто се спуштаат во цевки во кои се наоѓа течноста која ја исфрлуваат. Доколку нема константен прилив на течност тие не можат да работаат.
[уреди] Употреба
Употребата на овие пумпи се сведува на вадењето на вода и нафта од земјината површина. Нивната најголема предност е тоа што можат да истуркаат течности кои се наоѓаат многу подлабоко за разлика од обичните вакумски пумпи.
[уреди] Употреба на потопните пумпи за вадење на нафта
Принципот на употреба е истиот само што се користат помоќни пумпи кои можат да истуркаат нафта и од 3.7 километри од земјината површина. Овие работаат при големи напони од неколку киловолти достигнувајќи работни температури од 150о целзиусови и притисок до 34MPa. Моќноста на ваквите пумпи се движи и до 1000 коњски сили (750kW).
Исто така се употребуваат и за испумпување и на други течности па во зависност од нивната употреба варираат и нивните својства.
