Последниот испит

Од Википедија — слободната енциклопедија

Последниот испит е книга од шведските автори Микаел Јорт и Ханс Розенфелт. Издадена е во 2015 година преку издавачката куќа Salomonsson Agency. Преводот на македонски јазик е завршен од Ана Даскаловска. Издадена е во Северна Македонија преку Матица македонска во 2020 година. Издавач е Дејан Павлески, а главен уредник Раде Силјан. Дејството се врти околу пронаоѓање на сериски убиец којшто им се одмаздува на луѓе од реални шоуа поради тоа што се ѕвезди и ги засенуваат интелектуалците во општеството.

Книгата е дел од серијалот Den stumma flickan (македонски: Немото девојче).

Ликови[уреди | уреди извор]

  • Габриел Петровиќ
  • Мирослав Петровиќ - Мире
  • Себастијан Бергман
  • Урсула
  • Вања Литнер
  • Патрисија Елен Андрен
  • Торкел Хеглунд
  • Стефан Андерсон - Стефе
  • Ева Флорен
  • Аксел Вебер
  • Петер Берглунд
  • Катон Постариот/Свен Катон
  • Еба Јохансон
  • Сара Јохансон
  • Лисе-Лоте Гонзалес
  • Ана Ериксон
  • Валдемар
  • Рогер Левин
  • Елин
  • Иван
  • Кристијансон
  • Ларсон
  • Розмери Фредериксон
  • Маја
  • Лаура
  • Давид Лагергрен
  • Гунила
  • Рагнилд Турсон
  • Макс
  • Џонатан
  • Сузана
  • Џенифер
  • Ела
  • Линде
  • Клас Валгрен
  • Шеф на Клас
  • Ивон
  • Кристофер
  • Кристос Теотокис
  • Керолајн Бернстајн
  • Кејти Барнет
  • Оливја Јонсон
  • Јохана
  • Јулија
  • Оке Скуг
  • Кристијан Игнес Саурунас
  • Кајса Крунберг
  • Пија Лундин
  • Ролф
  • Ленарт Шелман
  • Ана
  • Хенрик Билгрен
  • Давид Леперген
  • Професор Мухамед Ел Фаид
  • Катја
  • Аника Блум

Содржина[уреди | уреди извор]

Човек под псевдонимот Катон Постариот/Свен Катон испраќа писмо до Шелман, уредник во весник, во кое негативно се изразува за статиите кои тој ги објавуба од областа на реалните шоуа. Мире Петровиќ, ѕвезда на реалното шоу „Рајски хотел“, е првиот испитаник кој не полага откако Свен Катон лажно му се претставил како новинар за да го намами и потоа да му го одземе животот со пневматски пиштол. Тој го повикива на пијачка, а откако го киднапира, му поставува шеесет прашања и му дава триесет секунди да одговори на секое од нив, давајќи граница од триесет прашања како долен лимит. Со оглед на тоа дека не знае да ги одговори, Мире го губи животот.