Портал:Технологија/Одбрана биографија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Аиртон Сена да Силва (португалски: Ayrton Senna da Silva) (Саун Пауло, 21 март 1960 - Имола, Италија, 1 мај 1994) бил бразилски возач на тркачки автомобили, еден од најголемите возачи на автомобилското натпреварување во светот на „Формула 1“. Бил трикратен шампион (1988, 1990 и 1991 година). Победил во 41 трка, освоил 65 пол позиции и имал 19 најдобри кругови. Посебно е познат по добрите возења по дождливо време поради што го има добиено и прекарот дождовниот човек.

Загинал за време на трката во Имола, Италија.