Портал:Религија/Избрана личност/2010/ноември

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ра — древноегипетски бог на сонцето. Сè до петтата династија тој бил едно од главните божества во древната египетска религија, и примарно се идентификувал со пладневното сонце, а со другите божества ги претставувал другите позиции на сонцето. Ра се менувал многу со текот на времето и подоцна за него се говорело дека го претставува сонцето во сите фази од денот.

Главниот центар на култот од Ра најпрво бил во Хелиополис (древниот Инуну) кој значи „Град на Сонцето“. Во подоцнежните египетски династички времиња, Ра бил помешан со богот Хор како Ре-Хоракту. Тој бил поврзан со соколот т.е. симболот на другите соларни божества кои ги заштитуваа фараоните во подоцнежните митови. Прочитајте повеќе