Портал:Психологија/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мотивација е фактор кој го поттикнува, насочува и одржува однесувањето на луѓето. Мотивацијата се однесува на динамскиот дел од личноста и се разликува од поимите како чувства и личност. Мотивацијата е желба или волја да се направи некоја работа. Мотивираната личност може да си постави долготрајна цел: да стане истакнат писател или да има краткотрајна цел: да научи како се спелува еден збор. Поимот личност се однесува на помалку или повеќе трајна црта на индивидуата (срамежлив, осетлив, чесен). Спротивно да мотивацијата, чувство се однесува на привремена состојба која не е инстантно поврзана со однесувањето (лутина, радост, тага).

Што се однесува до менаџментот мотивацијата има важна улога за менаџерот кој настојува да ги задоволи желбите и нагоните на своите соработници така што нивното однесување би било пожелно и прифатливо за организацијата. Прочитајте повеќе