Полска свадба

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Полска свадба“ (германски: Polnische Hochzeit) — оперета на австрискиот композитор Јозеф Бер (Joseph Beer) од 1937 година. Автори на либретото и на текстовите се Фриц Ленер-Беда (Fritz Löhner-Beda) и Алфред Гринвалд (Alfred Grünwald).

Либрето[уреди | уреди извор]

Оперетата се состои од пролог и три чина, а во неа се прикажани случките, забуните и заблудите на повеќе ликови, собрани за да прослават една свадба: еден маскиран борец за слобода, неговиот стрико кој ја планира својата шеста свадба, неговата сосетка — креативна, енергична млада жена, позната по прекарот Дива мачка, како и едно весело друштво. [1]

За делото[уреди | уреди извор]

Музиката на Бер се движи на границата меѓу оперета и мјузикл, меѓу џез и валцер, а во делото се испреплетуваат драматичноста и нежната сентименталност. Праизведбата на делото се одржала со исклучителен успех во Цирих, во 1937 година, а потоа била успешно прикажана на околу 40 сцени. Меѓутоа, метеорскиот успех на Бер бил прекинат во 1938 година, кога Австрија била анектирана од нацистичка Германија. Тогаш, Бер бил принуден да побегне во Франција, а планираната праизведба во Виена, со Рихард Таубер во главната улога, била спречена од нацистите. Потоа, Бер постепено паднал во заборав.

Наводи[уреди | уреди извор]