Пејоратив

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пејоратив[1][2]збор или граматички облик што изразува негативна или непочитувана конотација, ниско мислење или недостаток на почит кон некого или нешто.[3] Исто така се користи за изразување критика, непријателство или игнорирање. Понекогаш, поимот се смета за пејоративен во некои општествени или етнички групи, но не и во други, или може да биде првично пејоративен, но подоцна прифаќа непејоративна смисла (или обратно) во некои или сите контексти.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Зборот пејоратив потекнува од минатиот партицип во доцниот латински peiorare, што значи „да се влоши“, од peior „полошо“.[4]

Семантичка промена[уреди | уреди извор]

Понекогаш некој збор или поим првично може да се користи како пејоративен збор, а потоа да добие непејоративно значење и обратно. Во историската лингвистика, оваа појава е позната како пејорација и мелиорација, или семантичка промена.

Образување пејоративи во македонскиот јазик[уреди | уреди извор]

Во македонскиот јазик, пејоративите најчесто се образуваат со наставките: – е, -ле, – ло, – ко.[5] На пример:

  • воле,
  • ушле,
  • забле,
  • вошло,
  • смрдло,
  • плачко,
  • влечко.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „пејоратив“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „пејоратив“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „Pejorative | Define Pejorative at Dictionary.com“. Dictionary.reference.com. Посетено на 2012-04-25.
  4. „Pejorative (adj.)“. Online Etymology Dictionary. Посетено на October 16, 2016.
  5. „Стилска вредност на зборовите“. Македонски јазик. Посетено на 10 октомври 2021.

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]