Пејзажно сликарство
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
- За уметонста на дизајнирањето на надворешни простори, видете пејзажна архитектура.
Пејзажната уметност прикажува предели како планини, долини, дрвја, реки и шуми. Речиси секогаш небото е составен дел од сликата. Тука временските прилики играат важна улога. овој жанр го среќаваме уште во антиката, како да речеме римските пејзажни фрески кои краселе соби. Такви денес наоѓаме во добра состојба во Помпеја и Херкуланеум.
Во раниот XV век пејзажното сликарство се развило во жанр во Европа, како окружување на човечките активности, често религиозни по тематика. Вакви биле Починката при бегството во Египет, Патешествието на Трите мудреци или Свети Еремија во пустината.
Кинеската традиција на „беспримесен“ пејзаж е таква во која човекот е насликан многу мал, и само дава размер и контекст на делото, со тоа примамувајчи го посматрачот да учествува во него. Овој жанр во Кина бил добро оформен дури и пред појавувањето на туш-техниката.
Поврзани видови на пејзажи [уреди]
- Небесно пејзажно сликарство - слики на облаци, временски прилики и атмосферски услови.
- Морско пејзажно сликарство - слики на океани и плажи.
- Речно пејзажно сликарство - слики на реки и потоци.
- Урбано пејзажно сликарство - слики на населени места (урбани пејзажи).
- Птичје пејзажно сликарство ја прикажува земјината повржина од птичја перспектива, особено како што би се гледала од авион или вселенско летало.
Видете исто така [уреди]
Извори [уреди]
- Sharon L. Hirsch, "Landscape: the Grand tradition" (текст од изложбен каталог) Dickinson University (онлајн текст) (англиски)
- Pavel Machotka, Cezanne : Landscape into Art
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Пејзажно сликарство“ |

