Пештера Мегара

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пештерата Мегара се наоѓа во селото Мојковиќи, во атарот на селото Стапари, на територијата на градот Ужице. Името Мегара е од илирско-римско потекло и значи светилиште за принесување жртви. Во него се наоѓал храмот на богот Јупитер Партински, кого го обожавале античките Парти, илирско племе. Во пештерата се откриени археолошки наоди од неолитот.[1][2]

На дел од варовникот во правец северозапад-југоисток, пештерата се состои од главен канал долг околу 52 метри (кој е прооден) и помал кој се дели директно пред влезот на пештерата, кој е висок околу 5 м. Главниот пештерски канал завршува со одлив, висок околу 3 метри, под кој е уште еден пештерски канал со бучен воден тек.

Овие два канали се свртени еден кон друг под агол од 55˚. Затоа, пештерата Мегара се состои од два каналски системи; повисоко суво и пониско влажно. Во селото Утрина кај Синѓиќ има пештерски отвор, наречен Горна Мегара и се верува дека е поврзан со пештерата Мегара во Мојковиќ, но бидејќи испитувањата не се направени, засега ова се само претпоставки.

Поради своите посебни одлики и прекрасниот амбиент, пештерата Мегара претставува интересен туристички потенцијал на оваа област.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Megara, Stapari“. lepote užičkog kraja. Архивирано од изворникот на 13. 09. 2016. Посетено на 12. 2. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  2. „Пећина Мегара“. Стапари. Архивирано од изворникот на 23. 1. 2016. Посетено на 12. 2. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]