Печатот на Соломон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Печатот на Соломон прикажан наједоноставно.

Печатот на Соломон е магиски прстен со печат, за кој се вели дека го поседувал кралот Соломон. Во средновековните еврејски, христијански и исламски легенди се вели дека овој печат на Соломон му давал моќ за да им наредува на демоните (или џиновите), или за да зборува со животните.

Во легендите[уреди]

Во приказните Илјада и една ноќ, еден лош џин е опишан како затворен во бакарно шише цели 1800 години, со печат ставен од прстен.

Во некои легенди, прстенот на Соломон е преставен од месинг и железо, на кој е изрезбарено името на Бога, и украсено со четири дијаманти. Во некои подоцнежни варијанти, прстенот едноставно го имал врз себе симболот наречен Давидова ѕвезда (хексаграм), претставен со два тријаголника кои се преплетуваат. Во празнините има точки или симболи. Според други легенди, тоа е пентаграм или некоја многу комплицирана фигура.

Во една арапска приказна се вели дека демонот Сакхр ја прелажал една од сестрите на Соломон да му го даде прстенот. Сакхр тогаш владеел 40 дена (во некои верзии - 40 години), додека Соломон скитал низ земјата сиромашен. Потоа, Сакхр го фрлил прстенот во морето, една риба го голтнала, а рибарот што ја уловил, му ја однесол на Соломон. Под казна, Сакхр е натеран да изгради голема џамија за Соломон.


Алхемија[уреди]

Во алхемијата, комбинацијата на симболите на оган и вода (тријаголници свртени нагоре и надолу) е позната како „печатот на Соломон“. Симболот ја претставува комбинацијата на спротивностите и трансформацијата.

Види исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]