Петар Алексеевич Лавров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Лавров

Петар Алексеевич Лавров (Јарослављ, Русија, 6 [18] септември 1856 – Ленинград, 24 ноември 1929) – руски славист, кирило-методиевист, палеограф и историчар на старата словенска писменост и литература.

Го завршил Историско-филолошкиот факултет на Московскиот универзитет (1879). Кандидатска дисертација одбранил за српските народни песни од косовскиот циклус, магистерска за црногорскиот поет П. П. Његош и неговото литературно дело (1887), а докторска за звуковите и формалните особености на бугарскиот јазик (1893). Бил професор на Московскиот, Варшавскиот, Новоросискиот (Одескиот) и С.-Петербуршкиот универзитет. Избран за дописен (1902) и редовен член (1923) на РАН, а доп. член е и на Српската (1906), Чешката (1907) и Југословенската академија на науките (1911). Учесник во „Македонската експедиција” на РАН (1900), кога се запознава и со својот иден студент Крсте Петков Мисирков. Ги воведува првите универзитетски предавања за македонските говори (1900/01) и го поттикнува Мисирков да собира народни песни и да направи опис на својот крај на родниот говор, па станува и негов ментор за дипломската работа „К вопросу о народности и причины популярности Македонскаго Короля Марка” и препорачувач за неговите постдипломски студии на Катедрата за словенска филологија