Ослекова куќа

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ослековата куќа е куќа музеј во бугарскиот град Копривштица.

Ослекова куќа

Градбата била изградена во периодот од 1853 до 1856 година за трговецот Ненчо Ослеков од самоковците Уста Минчо и Коста Зограф. Карактеристична е со своите внатрешни и надворешни декорации. Ослековата куќа е претставник на Бугарската преродбена архитектура.

Денес овде се наоѓа Етнографски музеј.