Онлајн покер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Слика од онлајн покерска табла

Онлајн покер е всушност играта покер играна преку Интернет. Онлајн покерот е причината за драматичниот пораст на бројот на покер играчи низ целиот свет. Christiansen Capital Advisors соопшти дека добивката во онлајн покерот порасанала од 82.7 милиони американски долари во 2001 на 2.5 милјарди американски долари во 2005.

Накратко[уреди]

Традиционалните места за играње покер, како што се казината и покер собите, може да бидат застрашувачки за новите играчи и најчесто се лоцирани во географски пооддалечени локации. Исто така, обичните казина не се подготвени да го промовираат покерот затоа што е тешко за нив да профитираат од тоа. Иако временските трошоци на традиционалните казина се најчесто многу високи, опортунитетните трошоци за водење на една покер соба се уште поголеми. Обичните казина често пати прават повеќе пари со отстранување на покер собите и додавање на повеќе слот машини.

Од друга страна пак, онлајн опциите се значително поефтини затоа што имаат далеку помали трошоци. На пример, додавање на нова маса нема да завзема значителен простор како што тоа би било случај кај обичните казина. Исто така онлајн казината им дозволуваат на играчите да играат со мали влогови (почнувајќе дури и од 1 или 2 центи) и често пати нудат безплатни турнири, привлекувајќи на тој нашин почетници и/или помалку богата клиентела.

Наводи[уреди]

Надворешни линкови[уреди]

Листа на онлајн покер соби