Оливера Трајковска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оливера Трајковска
Родена 1967
Скопје, СФРЈ (денес Македонија)
Занимање новинарка

Оливера Трајковска — македонска новинарка. На македонската публика и станува позната по култните Пулсирања и Без наслов но со повод, емисии во кои Трајковска ги прави првите посериозни интервјуа, со врвни политичари и јавни личности во времето на раните деведесетти. По Црвената линија и Светла точка, од 2012 ја уредува и води дебатната емисија Win-Win. По неколку години, Трајковска почнува да работи во новинарската редакција на телевизијата Телма, како водител и уредник на дебатната емисија Топ тема.

Животопис[уреди | уреди извор]

Оливера Трајковска е родена во Скопје во 1967 година. Дипломирала психологија на Универзитетот Кирил и Методиј во 1989 година. Со новинарство се занимава уште од своите средношколски денови кога работела во радио. Првите чекори на телевизија ги имала во култната емисија Пулсирања во раните деведеести на МТВ. Кариерата ја продолжила како политички новинар. Најмногу е препознатлива како домаќин на разни ТВ дебати и интервјуа, иако таа лично најмногу го претпочита телевизиското интервју, како посебен ТВ формат. Уште во раните студенски денови, Трајковска пројавувала интерес за разни општествени настани и процеси и важела за мошне активна во младината на Македонија и поранешната Југославија.

Награди[уреди | уреди извор]

Оливера Трајковска е добитник на повеќе државни признанија и награди за особен придонес во новинарството и медиумите во Македонија. Прогласувана е за лице и новинар на годината на манифестациите на весникот Вечер, 12 величествени и Златна буба мара на популарноста. Според повеќе странски дипломатски претставништва во Скопје, е окарактеризирна како една од највлијателните жени јавни личности во Македонија.

Win-win[уреди | уреди извор]

Win-Win, e независен авторско-продукциски серијал на емисии на Оливера Трајковска, кој се емитува на ТВ Телма[1]. Емисиите премиерно се имаат емитувано секој четврток од 19:15 часот и репризно, истиот ден во 23:35 часот. Сезоните на Win-Win се емитуваат од октомври до крајот на јуни. Истиот концепт, но во поинакво руво Трајковска го продолжува на телевизијата Телма во рамките на дебатната емисија Топ тема.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „win-win“. telma.com.mk. Посетено на 23.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

[1] [2]

  1. http://balkans.aljazeera.net/vijesti/prisluskivana-novinarka-olivera-trajkovska-operacija-gubitnika
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-03-22. Посетено на 2015-03-07.