Ожег

Од Википедија — слободната енциклопедија
Обични ожези

Ожег[1][2]железна шипка за распретување и поттикнување на огнот во камини или печки.

Облик и историја[уреди | уреди извор]

Ожегот е парче дебела железна прачка долга од половина до еден метар, свиткана под агол од 90° на врвот, па во профил изгледа како издолжена буква L. Полуксузните ожези имале дрвена рачка за фаќање. Заедно со кацијата и кантата речиси секое градско домаќинство на почетокот на 20 век, кога немало други облици на греење.

За истата намена во нашите краишта се користела направа со два крака наречена маша.

Наводи[уреди | уреди извор]