Нипур

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Nipur бил древен сумерски град југоисточно од Вавилон. Неговите остатоци денес можат да се пронајдат близу селото Нифар, недалеко од градот Diwanyiah во Ирак. Нипур, во 3. милениум пред новата ера бил еден од најважните политички и древни седишта на Месопотимија, за што сведочат многубројните глинени плочки испишани со клинесто писмо, вклучувајќи и некои кои представуваат вредни извор за древните сумерски закони како и епот за Гилгамеш. Во Нипур воедно се наоѓа и најстариот план на град во светот, кој датира од средина на 2. милениум пред нашата ера. Својата важност, овој град ја темели на храмот на богор Екур, како и малите селски населби кои датираат од 6. милениум пред наша ера. Со исчезнувањето на вавилонската држава ја изгубил својата важност поради ширење култ кон богот Мардук. По кратка ренесанса, во времето на Селекуиди бил сведен само на тврдина, додека во време на Сасаниди и тврдината била напуштена.