Несреќа на островот Три Милји

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Претседателот на САД Џими Картер ја напушта атомската централана 1 април 1979.

Во незгодата на Three Mile Island, главната фузија се случила во Одделот 2 (воден реактор под притисок во производство на Babcock & Wilcox), од трите нуклеарни електрични централи на Three Mile Island, во округот Дофин, Пенсилванија, во близината на Харисбург, САД, во 1979 година.[1]

Нуклеарната централа е во сопственост и под раководство на „General Public Utilities“ и „Metropolitan Edison“ (Met Ed). Тоа беше најголемата катастрофа во историјата на индустријата за нуклеарна енергија во САД, а резултат на тоа беше испуштање на 481 P Bq (113 милиони кјурии) на радиоктивни гасови, а помалку од 740 GBq (20 кјурии) на јод-131.

Несреќата се случила во 4 часот наутро во среда, 28 март, 1979 година, со дефекти во ненуклеарниот секундарен систем, поклопецот на спроводниот вентил (PORV) во примарниот систем се заглавил, по што се излила голема количина од ладилникот на нуклеарниот реактор. Механичките дефекти настанале поради почетната неспособност на работниците на машините да ја оценат ситуацијата како несреќа поради излевање на ладилникот, како резултат на несоодветната обука и човечките фактори, како што се грешките во дизајнот на интеракцијата помеѓу луѓето и компјутерите кои се должат на индикаторите од двостраната контролна соба во интерфејсот на нуклеарната централа. Во суштина, неможноста да се види затскриеното светло на индикаторот довело до тоа операторот да го игнорира автоматскиот систем за ладење кој се активира во итни случаи од реакторот, бидејќи операторот по грешка заклучил дека има поголема количина на вода во самиот реактор, што предизвикало да се ослободи притисокот од пареата. Луѓето станале свесни за обемот и комплексноста на несреќата во текот на 5-те дена, откако вработените на „Met Ed“, државните службеници од Пенсилванија, како и членовите на Регулаторната нуклеарна комисија (NRC) се обиделе да го решат проблемот, да им ја објават ситуацијата во локалниот и општинскиот печат, да одлучат дали е потребна итна евакуација, за конечно да се стави крај на кризата. Овластувањето на NRC да ослободи 40.000 галони на радиоактивна отпадна вода директно во реката Саскехана, довело до тоа печатот и општината да изгубат доверба во нив.

На крајот, реакторот бил ставен под контрола, иако се уште не биле откриени целосни детали од несреќата после подолго време, после неколкуте исцрпни истраги, спроведени од страна на претседателската комисија и NRC. Според извештајот на комисијата Кемени „Или нема да има случаи на рак, или бројот на заболените ќе биде толоку мал, што нема да биде возможно да се идентификуваат. Овој заклучок важи и за другите можни заболувања.“ Според неколку епидемиолошки студии направени после несреќата, исто така ослободената радијација нема видливи ефекти врз појавата на рак кај жителите покрај нуклеарната централа, иако овие наоди подоцна се демантирани од страна на тим од истражувачи.

Наводи[уреди]

  1. Walker, p. 231

Литература[уреди]

Надворешни врски[уреди]

  • Step-By-Step account of the accident with illustrations from pbs.org
  • EFMR citizens radiation monitoring group for the Three Mile Island and Peach Bottom nuclear plants
  • Killing Our Own a review of subsequent casualties by Harvey Wasserman and Norman Solomon with Robert Alveraez and Eleanore Walters
  • 1979 – Three Mile Island A report from Steve Holt of WCBS Newsradio 880 (WCBS-AM New York) Part of WCBS 880's celebration of 40 years of newsradio.