Наш Свет (списание)

Од Википедија — слободната енциклопедија


Наш Свет е списание на издавачката куќа Просветно Дело,од Скопје.

Во јануари 1960 излезе првиот број на тинејџерското списание Наш Свет. Првиот број на неделникот бил објавен во јануари 1960 година, а го уредувале некои од најеминентните имиња во македонската литература како Васил Куновски, Симон Дракул, Ванчо Николески, Видое Подгорец, Киро Донев и Рајко Јовчевски. Токму во Наш свет биле објавени првите стихови на Лидија Димковска и академик Катица Ќулафкова, биле застапени сите македонски изведувачи од Леб и сол и Мизар, до Тоше Проески и Каролина, одбележани најголемите спортски успеси на клупско и репрезентативно ниво.