Национален морски парк Залив Чирики

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плажа во Националниот парк Голфо де Чирики

Националниот морски парк Заливот Чирики се наоѓа во заливот Чирики, на тихоокеанскиот брег на Панама. Основан е во 1994 година со цел за да се заштитат 150 квадратни километри на морски екосистеми, вклучувајќи корален гребен, ризофорно мочуриште и морска ливада и околу дваесетина острови на архипелагот Исла Парида. Овој парк вкупно има 25 острови и 19 корални гребени.

Паркот е познат по својот див свет, вклучувајќи: зелени игуани, грбави китови (од август до октомври), ајкули, делфини, повеќе видови на морски желки што се гнездат на плажите на островите и други видови.

Заштитени острови во паркот се Санта Каталина, Пулгосо, Гамез, Тинторера, Обиспо, Обиспоне, Лос Паргос, Ахогадо, Икакос, Корал де Пиедра, Болањос, Болањитос и Берако. Овие острови се покриени со тропски шуми, вклучувајќи кедар, глог и даб; Заради постоењето на овие видови, можна е појава на сечење на шумите.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]