Навал ел-Садави

Од Википедија — слободната енциклопедија
Навал ел-Садави

Навал ел-Садави ( ар. Nawal аl-Saadawi نوال السعداوي, родена 27 октомври 1931) е египетска писателка, феминистка, активистка, лекар и психијатар. Таа напишала многу книги на тема жената во исламот, посебно обрнувала внимание на праксата на женското обрежување во нејзината околина. Таа често е нарекувана "Симон де Бовоар арапски свет".

Таа е основач и претседник на Здружението на арапските жени за солидарност и соосновач на Здружението за човечки права. Таа е носител на почесните дипломи од три континенти. Во 2004 година, освоила награда Север-Југ која и ја доделил Советот на Европа. Во 2005 година, освоила меѓународна награда Инана у Белгија, а во 2012 година Меѓународното мировно Биро нејзе и доделило награда за мир Шон МекБрајд.

Навал ел-Садави била на позиција Автор за Врховниот совет за уметност и друштвени науки во Каиро, Генерална директорка на одделението за здравствено образование при министерствотот за здравство во Каир, Генерална секретарка на лекарскотот друштво во Каир, и лекар при Универзитетската болница и Министерството за здравје. Таа е основач на Здружението за здравствено образование и Здружението за египетските писатели. Била главна уредница за медицинскиот часопис во Каир и уредник на Магазинот за медицинско здружение.