Мрачна ноќ (филм од 1945)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мрачна ноќ (англиски: Dead of Night) - британски филм од 1945 година, во режија на Алберто Кавалканти, Чарлс Кринчтон, Бејсил Диарден и Роберт Хамер. Главните улоги ги толкуваат: Марвин Џонс, Мајкл Редгрејв, Роланд Карвер, Гуги Витерс, Фредерик Валк, Џуди Кели, Бејсил Редфорд, Фредерик Валк итн.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Архитектот Крејг (го игра Џонс) пристигнува на една фарма во Кент која треба да ја реновира. Штом влегува во куќата, тој ги препознава присутните кои редовно ги гледа во еден сон што му се повторува. Меѓу присутните е д-р ван Стратен (го игра Валк) кој не верува во приказната на Крејг, давајќи го вообичаеното психоаналитичко толкување на неговиот сон. Тогаш, еден од присутните луѓе, поранешниот автомобилист Грејнџер (го игра Берд), раскажува за своето необично доживување: откако лежел во болницата откако доживеал несреќа за време на трката, во еден миг, времето застанало и тој видел погребна кочија; подоцна, кога ја напуштил болницата, при обидот да се качи во автобусот, во кондуктерот го препознал кочијашот; затоа, во последен миг, тој не влегол во автобусот, кој веднаш потоа паднал од мостот. Потоа, присутната девојка Сали (ја игра Ан Хоус) ја раскажува својата необична приказна: за време на една божиќна прослава, таа играла криенка со другите деца при што влегла во една тајна соба во куќата и таму запознала мало дете; кога се вратила кај присутните, таа дознала дека во минатото во куќата навистина живеело такво дете кое било убиено од сестра му. Една присутна жена со име Џоан (ја игра Видерс) ја раскажува својата необична приказна: непосредно пред свадбата, за роденден му купила огледало на својот свршеник Питер (го игра Мајкл); меѓутоа, кога тој ќе застанел пред огледалото, тоа давало сосема поинаков одраз, прикажувајќи некоја непозната соба; еднаш, Џоан заминала во посета на мајка си, каде од продавачот дознала дека сопственикот на огледалото, воден од љубомора, ја задавил својата сопруга; кога дошла дома, Џоан му ја раскажала приказната на Питер, кој се обидел да ја задави, но таа се спасила така што го скршила чудното огледало. Домаќинот на фармата, Елиот Фоли (го игра Калвер), пак, ја раскажува необичната случка за двајца верни пријатели, Парат (го игра Радфорд) и Потер (го игра Вејн), страсни играчи на голф, кои биле вљубени во девојката Мери; тие се договориле да одиграат партија голф и победникот да се ожени со Мери; во играта, Парат се послужил со измама и победил, а Потер влегол во езерото и се удавил; но, подоцна, духот на Потер се вратил, обвинувајќи го Потер за измамата, и го следел насекаде; во првата брачна ноќ, обидувајќи се да му помогне на духот на Потер да ја најде шифрата за да си замине, Парат исчезнал и така Потер останал заедно со Мери. Најпосле, и д-р ван Стратан раскажува за еден необичен случај во неговата кариера со кој се соочил при испитувањето на кукларот Фрер (го игра Редгрејв)) кој бил обвинет за обид за убиство: настапот на Фрер и куклата Хуго во Париз го следел кукларот Силвестер Ки (го игра Пауер); по настапот, Ки го посетил Фрер во гардеробата каде добил понуда од Хуго за заеднички настап, но Фрер го избркал; подоцна, тие се сретнале повторно во Лондон, каде пијаниот Фрер пукал во Ки, обвинувајќи го дека сака да го украде Хуго; за време на испитувањето, д-р ван Стратен го посетил Фрер во затворот и бил сведок како тој го уништил Хуго; по таа случка, Фрер бил пренесен во душевна болница, каде го посетил ранетиот Ки при што Фрер му се обратил со гласот на Хуго. По завршувањето на овие приказни, Крејг бара да остане насамо со д-р ван Стратен и го убива, а потоа бега при што ги среќава и другите ликови од приказните на раскажани од присутните за на крајот да заврши в затвор, а во затворската ќелија се наоѓа и Хуго кој се обидува да го задави. Тогаш, Крејг се буди од кошмарот и сфаќа дека штотуку го сонувал вообичаениот сон. Тогаш, нему му се јавува Елиот Фоли и Крејг заминува на неговата фарма во Кент..

Наводи[уреди | уреди извор]