Прејди на содржината

Мој термин (апликација)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мој термин
URL https://mojtermin.mk/
Тип на место семрежна апликација
Регистрацијасамо за пристап до „Здравствени работници“
Достапни јазици:македонски
Сопственик Министерство за здравство
Создавач

Мој термин (mojtermin.mk) — семрежна апликација за електронско објавување и следење на списоците за закажување прегледи во здравствените установи. Системот е почнат како пилот-проект на 1 декември 2011 година во Клиниката за радиологија, Градската општа болница „8 Септември“ и Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје.[1]

Цели[уреди | уреди извор]

Поставените цели на „Мој термин“ се:[2]

  • Намалување на метежот и редиците на чекање во амбулантите во здравствените установи
  • Унифицирани и веродостојни бази на податоци
  • Брзо и едноставно евидентирање и запишување на податоци за пациентите
  • Градење на електронски здравствен картон (досие)
  • Квалитетна здравствена услуга, за сметка на намалена административна работата
  • Создавање на детален распоред за прием на пациенти кај сите доктори
  • Воведување на нови работни процеси преку воведување на електронски здравствен картон, електронски рецепт, електронски упат, електронско закажување на прегледи и други услуги
  • Намалување на бројот на двојни прегледи и интервенции
  • Брзо општење и консултации помеѓу примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита
  • Поквалитетна услуга и намалување на ризикот од погрешни стручни одлуки

Опис[уреди | уреди извор]

Апликацијата „Мој термин“ е поставена на мрежната адреса https://mojtermin.mk/ и пристапот до неа е слободен во делот за „Пациенти“. Пристапот до делот „Здравствени работници“ им е овозможен само на вработените во здравствените установи, корисници на апликацијата со корисничко име и јавка.

Апликацијата им овозможува на пациентите да:

  • Проверат слободен термин
    • по специјалист
    • по апарат
    • по установи
  • Пронајдат упат
  • Пребараат лекар или апарат

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Стартува проектот „Мој термин" за електронско закажување прегледи во ЈЗУ“. Влада на Република Македонија. Посетено на 21 мај 2024.
  2. „Мој термин - Цели“. Министерство за здравство. Посетено на 21 мај 2024.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]