Мопед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Мопедите се мотоцикли од 50 кубни сантиметри, со брзина која е законски ограничена на 45 км/ч. Овие мотоцикли се истотака познати под името скутер или веспа. Во скоро сите држави од светот право на управување на велосипед со мотор или мопед имаат сите лица кои наполниле 14 години. Во сите правилници на сообраќајот, мопедите мора задолжително да се движат по велосипедска патека, доколку иста таква не постои, мопедите мора да се движат на најмногу еден метар растојание од работ на патиштата. Задолжително е носењето на кацига. Во сите прирачници за мопедите се наведува дека најпожелно е да се носи облека со посветла боја, поради безбедносни причини. Новите мопеди се доста модернизирани и имаат голема примена низ големите градови, поради тоа што не трошат многу гориво и не ја загадуваат животната средина. Сите мопеди произведени од 2005-та година па наваму ги исполнуваат најсовремените стандарди за заштита на животната средина (во Европа тоа се euro2 i euro3). Најголеми светски производители на мопеди се: Јамаха, Пјаџо, Џилера, Пежо, Априлија, Малагути, Каџива, CPI, Дерби, MBK, Хонда.