Модна недела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Vogue editors Anna Wintour and André Leon Talley during New York Fashion Week
The model Bruna Tenório during São Paulo Fashion Week.

Модна недела е настан од модната индустрија, кој трае скоро цела недела и им овозможува на модните творци, брендови или „куќи’’, да ги изложат нивните последни колекции на модните ревии и купувачите и медиумите да ги погледнат најновите трендови. Што е најважно, овие настани и овозможуваат на индустријата да дознае што е „ин’’ а што „аут’’ за сезоната.

Најзначајните модни ревии се одржуваат во четири модни престолнини на светот: Њујорк, Париз, Лондон, и Милано. Модните недели се одржуваат на неколку месеци пред сезоната, за да му овозможат на печатот и медиумите да ги прегледат модните дизајни за следната сезона. Од јануари до април, дизајнерите ги изложуваат нивните есенски и зимски колекции. Модната недела за пролет и лето се одржува од септември до ноември. Ова е исто така е направено со цел да им се даде време на трговците да организираат, да обезбедат или да ги вклучат дизајнерите во нивната трговија на мало. Последните промени во дизајнот на облека се изложуваат од страна на модните творци за време на овие модни недели и сите овие најнови колекции се опфатени во списанија како што е Вог.

Програма[уреди | уреди извор]

Њујорк, Лондон, Милано и Париз, секој од нив е домаќин на модната недела двапати годишно со почеток на секоја сезона во Њујорк а другите градови следат по горенаведениот редослед. Има две поважни сезони годишно, есен/ зима и пролет/ лето. Ревиите есен/ зима за женска облека, секогаш почнуваат во Њујорк во февруари а завршуваат во Париз во март. Ревиите пролет/ лето започнуваат во Њујорк во септември а завршуваат во Париз во октомври. Ревиите есен/ зима за машка облека започнуваат во јануари во Милано, обично траат помалку од една недела, која е проследена со уште една кратка недела во Париз. Ревиите пролет/ лето за машка облека се прават во јуни. Ревиите за висока женска мода, вообичаено се случуваат во Париз, една недела по ревиите за машка облека во Париз. За првпат, високата мода за жени се прикажала и во Сингапур, за време на нејзината модна недела за жени во октомври 2011 година. Ова беше првпат ревиите за женска висока мода, да се одржат надвор од Париз. Во последните неколку години, сè повеќе и повеќе дизајнери ги прикажувале меѓу- сезонските колекции помеѓу традиционалните сезони есен/ зима и пролет/ лето. Овие ревии обично се покомерцијални од оние колекции во главните сезони и го скратуваат чекањето на потрошувачот за новата сезонска облека. Меѓу- сезонските колекции се „Ризорт/ Круз’’ ( англ. Resort/ Cruise), ( пред пролет/ лето) и „При- Фол”(англ.Pre-Fall), (пред есен/ зима). Не постои утврдена програма за овие ревии во секој од најголеми модни престолнини, но тие обично се случуваат на три месеци по главните сезонски ревии. Некои дизајнери ги претставиле своите меѓу- сезонски колекии надвор од нивниот роден град. На пример, Карл Лагерфелд (англ.Karl Lagerfeld) ги претставил своите „Ризорт’’ и „При- Фол” колекции за Шанел во Москва, Лос Анџелес и Монте Карло наместо во Париз. Многу дизајнери се залагаат за презентација наспроти традиционалните ревии, за време на „Ризорт” и „При- Фол’’ или за да ги намалат трошоците или пак затоа што тие мислат дека на овој начин нивната облека полесно ќе се прифати. Некои модни недели може да се полово определени, како што се Мајами- модна недела (костими за капење), Рио де Жанеиро- модна недела /Лето(костими за капење), прет- а- порте- модна недела ( готова за носење), Котур-модна недела( еден вид на дизајнерска оригиналност), Брајдал- модна недела, додека Портланд-модна недела (Орегон, САД) претставува некои еколошки дизајнери.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1943 година, се одржала првата модна недела во Њујорк,New York Fashion Week со една главна цел: да се одврати вниманието од француската мода за време на Втората светска војна World War II, кога работниците во модната индустрија не биле во состојба да патуваат до Париз. Ова било погоден момент, зошто со векови се мислело дека дизајнерите во Америка биле зависни од инспирацијата на Французите. Модната уредничка Елеонор Ламберт организирала настан, наречен „Прес недела” (англ. Press week) да се покажат американските дизајнери на модните новинари кои претходно ја игнорирале нивната работа. Настанот „ Прес недела” бил успешен, и како резултат на тоа списанијата како Вог ( кои се полни со француски дизајнери) започнале да објавуваат сè повеќе и повеќе американски иновации. До 1994 година, ревиите се одржувале на разни места, како што се хотелите или галериите. Конечно, после конструкциската несреќа за време на ревијата на Мишел Корс, настанот бил префрлен позади Јавната библиотека во Њујорк, каде што останала до 2010 година, кога ревијата била преместена во „Линколн- центар’’( англ. Lincoln center).

Меѓутоа, долго време пред Ламберт, постоеле модни ревии низ Америка. Во 1903 година, една продавница во Њујорк наречена Енрич Бродерс( англ. Enrich Brothers) го вклучила сето она што се мисли дека е прва национална модна ревија, за да ги намами во продавницата жените од средната класа. До 1910 година, многу големи стоковни куќи си организирале сопствени ревии. Веројатно е дека американските трговци виделе дека биле нарекувани „модни паради’’ во салоните за мода во Париз па решиле да ја искористат идејата. Овие паради биле корисен начин да се промовираат продавниците и да се подобри нивниот статус. До 1920-те години, трговците насекаде ја користеле модната ревија. Тие биле организирани и честопати држани во ресторантите на продавниците за време на ручекот или времето за чај. Тие ревии биле потеатрални од денешните, главно засновани врз една тема и придружувани со наративно објаснување. Ревиите имале огромна популарност, привлекувајќи толку многу народ во своите илјадници луѓе, што продавниците во Њујорк во педесеттите години морале да добијат лиценца за да поседуваат живи модели.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]