Млечен шејк

Од Википедија — слободната енциклопедија

Млечен шејк Млечниот шејк е благ ладен напиток кој е направен од млеко, сладолед или ладно млеко и вкус или засладувач како овошен сируп или чоколаден сос. Надвор од Обединетите Нации, овој напиток понекогаш се нарекува матен шејк или матен млечен шејк за да се разликува од другите помалку вискозни форми на засладеното млеко. Рестораните кои нудат комплетна услуга, содаџилниците и малите ресторани обично го приготвуваат и го мешаат шејкот рачно од лопатка за сладолед и млеко во блендер или миксер за пијалаци употребувајќи не’рѓосувачки сад. Многу продавници за брза храна не ги прават рачно шејковите со сладолед. Наместо тоа тие приготвуваат шејкови во автоматски машини за млечен шејк кои го замрзнуваат и ја сервираат преработената мешавина од млечен шејк која содржи млеко, засладен вкус и состојка која ја згуснува смесата. Како и да е, некои продавници за брза храна сè уште го следат традиционалниот метод на подготовка, а некои сè уште служат млечни шејкови подготвени во блендери, мек сервиран сладолед (или леден млечен шејк) кои содржат засладувачи или сирупи.

Видови Рачно матени Рачно матените млечни шејкови можат да се подготват од кој било вкус на сладолед, и додатни вкусови, како што е чоколадниот сируп или/и млечен сируп или млечен прашок кои исто така претходно можат да се додадат при матењето. Така се чустуваат повеќе измешани вкусови отколку што може да се направи со машините за млечен шејк. Пред неколку децении, млечниот шејк го подготувале без сладолед. Рецептите за млечен шејк кои содржат јогурт, кршен лед и свежо овошје и кои се направени без сладолед се наречени ‘‘смутис‘‘ (smoothies). Ако во матениот шејк се додаде матено млеко се нарекува матен млечен шејк или слад. Исто така во Обединетото Кралство се нарекуваат и густи матени шејкови, а во делови во Англија и Канада се нарекува фрапе (поточно фрап). Во Род Ајленд и југоисточен Масачусетс за да се приготви ‘кафе-фрапе‘ шејк потребен е сируп од кафе или сладолед со вкус на кафе. Матените шејкови наречени батидо,во кои има овошје се познати во Латинска Америка и во Кубанската иселеничката заедница во Мајами. Матените шејкови во Никарагва се нарекуваат ‘лече малтеада‘. Некои ресторанти во Америка ги сервираат матените шејкови со парче чоколадо, бонбони или алкохолни пијалаци. На пример матениот шејк наречен ‘скакулец‘ е составен од парче скршени чоколадца, крем од ментол ликер и сладолед од чоколаден ментол.

Брза храна и претходно подготвени Шејковите за брза храна се направени по пат на две методи : автоматски машини за матен шејк и обично послужен сладолед измешан со засладени сирупи. Исто така има и рачно подготвени или во блендер. Рестораните со најголем број муштерии, како што е Мек Доналдс, често избираат да послужуваат матен шејк кој е веќе претходно направен во машините за матен шејк. Овие машини се направени од цилиндри со мешалки од не’рѓосувачки челик каде има спроводници за ладење кои ги замрзнуваат претходно подготвените матените шејкови во состојба за да можат да се пијат. Во рестораните, автоматските машини за матени шејкови можат да понудат различни видови на вкусови а тоа зависи од тоа колку садови може да собере внатре во машината, а во рестораните за брза храна обично има матени шејкови со повеќе вкусови. Најмалите автоматски машини за матени шејкови се контра-монтирани кои можат да направат матен шејк само еден вид вкус користејќи пет литарски садови направени од не’рѓосувачки челик. Големите ресторани кои сакаат да понудат повеќе вкусови, користат машини кои произведуваат повеќе вкусови со повеќе не’рѓосувачки садови од пет литри или користат машини кои работат на јаглерод диоксид кои ги мешаат вкусовите. Некои ресторани за брза храна користат машини кои произведуваат ‘густ матен шејк‘ во дванаесет литарски садови но со еден вкус.


Обично послужени мешани со сируп Некои ресторани за брза храна како што е Дејри Квин послужуваат матени шејкови кои се обично подготвени во блендери (или ледено млеко) со засладувачи, со вкус на сирупи како што е чоколадниот сируп и овошниот сируп со млеко.

Претходно подготвени производи Претходно подготвените матени шејкови се продаваат во продавниците со прехранбени производи во Северна Америка и Обединетото Кралство. Овие напитоци се направени од мешавина на млеко и засладен прашок, вештачки сируп или концентрат, кој инаку се нарекува ‘засладено млеко‘, состојката карагинан која му помага за згуснување и други производи. Флашираните матени шејкови обично се продаваат во амбалажи од 330 милилитри, 500 милилитри и литарски шишиња.

Историја Од 1880 до 1930 година Кога за првпат терминот ‘milkshake‘ беше употребен во печатот во 1885 година, матените шејкови беа алкохолни виски пијалаци кои биле опишани како ‘‘ здрав пијалак со јајца, виски и др. т.е служел како тоник за лек‘‘. Како и да е до 1900 година терминот се однесувал на ‘’ пијалаци направени со чоколадо, јагода или сирупи од ванила’’. До 1930-тите години, матените шејкови биле познати пијалаци во млечните продавници кои биле типични содаџилници во тој период, кои студентите ги користеле како место за средби и излегување.

Потеклото на електричниот блендер, благи млечни пијалаци и матени шејкови е во заемна врска. Пред да почне зголемува намената на електричните блендери, видовите матени шејкови биле како оние направени со јајца, или биле рачно подготвени со мешавина од кршен лед, млеко шеќер и вкусови. Мешавините на пијалаците на плажата Хамилтон започнале да се употребуваат во содаџилниците во 1911 година а електричниот блендер го пронашол Стивен Поплавски во 1922 година. Со пронаоѓањето на блендерот, матените шејкови започнале да ја добиваат својата модерна, пенеста форма со шлаг. Благите млечни пијалаци се направени од матен млечен прашок кој содржи исушено млеко, благ барли и овесно брашно. Матениот млечен прашок бил пронајден во 1897 година од страна на Вилијам Хорлик како лесен и здрав дигестивен пијалак за закрепнување за инвалиди и деца, како и храна за бебиња.


Употребата на благиот млечен прашок во матениот шејк бил популарен во Америка од Валгринс-ланецот на дрогерии. Во 1922 година, вработениот Ивар ‘Поп‘ Кулзон направил матен шејк додавајќи две лажици сладолед од ванила во стандардниот рецепт за благиот млечен пијалак (млеко, чоколаден сируп, и благ прашок). Оваа идеја позната под името ‘Благото млеко на Хорлик‘ било оформено од Валгринс-ланецот на дрогерии како дел од чоколадниот млечен шејк, кој и самиот станал познат како ‘благ‘ или ‘слад‘ и станал еден од најпознатите пијалаци во содаџилниците. Автоматизирањето на млечните шејкови развиени во триесеттите години, по воведувањето на фреон разладувачите кои обезбедувале сигурност, доверлив начин за автоматско правење и преработување на сладоледот. Во 1936 година пронаоѓачот Ерл Принц го употребул основниот концепт за фреон машините за сладолед за да се развие Мулти-миксерот, миксер со пет перки кој прави пет млечни шејкови наеднаш и ги сипува во книжни садови кои стојат подготвени под машината.

Во доцните 1930-ти години, во неколку статии во весниците се појавил терминот ‘замрзнато‘ кој се однесувал на матените шејкови направени со сладолед. Во 1937 година весникот Џурнал во Мериленд стоело напишано : ‘‘ За замрзнат шејк додади малку од твојот омилен сладолед‘‘. Во 1939 година во вестите од Менсфилд во Охајо одредиле ‘‘Замрзнат пијалак за народот е нешто добро што се додава во сладоледот‘‘. На пример неколку одлични работи се: замрзнато кафе, вкусен пијалак направен од чили, лед и замрзнат сладолед.


Од 1940 до 1950 година До педесеттите години, познати места каде може да се пие матениот шејк биле: тезгите за јадење Вулвортс "5 & 10", мали ресторани, локалите за брза храна и дрогерии и содаџилници. Овие локали често изложуваат машини за матење на млечен шејк направени од хром или не’рѓосувачки челик. Овие локали прават матени шејкови на плажата Хамилтон или слични мешавини на пијалаци кои имаат мешалки кои прават воздух во пијалаците за да се добие ефект на пенаста и густа смеса, сервирајќи ги во чаши високи 12½ унци во вид на буквата "y". Содаџилниците имаат свој сопствен жаргон како "Burn One All the Way" (млечно чоколадо со чоколаден сладолед), Twist It, Choke It, and Make It Cackle" ( млечно чоколадо со јајце), "Shake One in the Hay" (шејк од јагода), и "White Cow" ( млечен шејк од ванила). Во 1950-тите години продавачот на машини за млечен шејк Реј Крок добил ексклузивни права од пронаоѓачот Еарл Принц за мултимиксерот за правење млечен шејк во ерата во 1930-тите години, и започнал да ги употребува автоматските машини за правење млечен шејк за да го забрза производството на рестораните на Мек Доналдс.

Во педесеттите години, во различни делови во Америка млечните шејкови биле наречени "frappes", "velvets," "frosted [пијалаци]", или "cabinets". Особеност во стилот на млечните шејкови, она конкретното било ‘’млечен шејк толку густ така што оној кој го сервира го превртува нагоре надолу покажувајќи дека ниту една капка нема да капне од него’’. Во 1952 година, дневниот весник во Род Ајленд содржеше ‘‘Guide For Top Quality ICE CREAM SODAS CABINETS MILK SHAKES ‘‘, каде е покажана употребата на терминот "cabinet" во весникот. Во една статија од 1953 година во весникот ‘‘Сеилсбури Тајмс‘‘ (во државата Мериленд) е прикажано дека шејковите со добро мешање можат да се направат и во бокали. Статијата покажува дека при додавање на четири големи лажици сладолед, пијалакот ќе стане ‘‘замрзнат шејк‘‘.


Млечните шејкови денес Во 2000-тите години, млечните шејкови започнаа да се користат како дел од новиот тренд на стилот на бутиците "спа дентистри" со цел пациентите да се релаксираат и да ги намалат своите грижи. " Spa dentistry" употребува ароматерапија, масажи, музика која се слуша преку слушалки за да се намали тензијата на пациентот. На крајот од третманот на пулпектомијата, на пациентите им даваат леден матен шејк, за да го смират воспалението во устата и да ја задржат желбата за потешките оброци додека помине анестезијата.


Во 2005 година, традиционалното потекло на млечниот шејк било заменето со рестораните кои работат 24 часа, рестораните кои беа главни во педесеттите и шеесеттите години како што се ‘‘Denny’s‘‘, ‘‘Big Boy‘‘, и ‘‘International House of Pancakes‘‘, за сметка на првиот пат кога пописот во Америка во седумдесеттите започна да го мери ова. Промената на состојките за бургерот, компирчињата и млечниот шејк, идеално евокирани од комедијата на ситуацијата ‘‘Хепи дејс‘‘ го губи апетитот на Американците. Поради тоа, Американските потрошувачи одат во обични ресторани. Во 2006 година , Американскиот сервис за истражување на земјоделството создал редуциран шеќер, млечни шејкови со низок процент на калории. Шејковите содржат пола количина шеќер и само 10 проценти маснотија од рекламните шејкови за брза храна. На училиштата им е потребна машина за правење млечен шејк или обична машина за сервирање на млечните шејкови. Во матените шејкови има додадено влакна и некои други хранливи состојкии кои содржат многу помалку лактоза што ги прави млечните шејкови соодветни за оние луѓе кои не сакаат големи количини на шеќери.

Водејќи се според едно истражување од фирмата на НПД –групата,продажбата на млечни шејкови во Америка, слатки и рози се зголемила за 11% во 2006 година. Кристофер Мулер, директор на центарот за мулти менаџмент на ресторани на универзитетот Орландо во централна Флорида, изјавува дека , млечните шејкови не потсетуваат на лето, младост и уживање, и будат спомени од времето кое изминува. Мулер истакнува дека млечните шејкови се многу профитни за рестораните, за разлика од ‘‘флафи‘‘ пијалаците кои содржат повеќе воздух. На испитување на пазарот, фирмата Техномик изјавува дека 2006 година била профитна, со околу 75% од средната цена на шејковите во рестораните која изнесувала 3,38 долари.


Еден синџир од рестораните ‘’Соник Драјв- Ин’’ во стил од педесеттите години во Америка ги нарекува шејковите : една од нашите најголеми производствени и профитабилни области. Изјавено во 2006 година, дел од порастот на продажбите на млечните шејкови, се должи на зголемената достапност на иновативно дизајнирани млечни шејкови во рестораните. Во 2006 година, во дневнито весник во Лос Анџелес е изјавено дека шефовите од ‘’хипстер хенгаутс енд ретрко лендмаркс’’ користат омекнати јагоди, Валроха чоколадо и бурбон ванила од Мадагаскар за да направат нови вкусови за млечните шејкови. Други нови идеи кои биле понудени во рестораните во Лос Анџелес биле млечни шејкови направени од печени ореви, течност од жолта роза, и сладолед од портокалов цвет, од растението таро, ванила зрнца свалкани во рум, Валроха чоколадо и вотка Греј Гус, ванила пудинг мешан со руското пиво Стаут.


Истражување на пазарот Во 2003 година, еден синџир од ресторани за брза храна сакал да го докаже профитот од млечните шејкови, најпрво фокусирајќи се на некои групи за да дознае кои фактори влијаат и ги привлекуваат муштериите ( на пр. Цена, количина на чоколадото) а профитот не се зголемува. Изнајмените истражувачи треба да дознаат зошто муштериите купуваат млечни шејкови, и да ги најдат факторите кои ќе му помогнат на ресторанот за да се зголеми продажбата. Истражувачите дознале, спротивно на нивните очекувања дека половина од продажбата на млечните шејкови е направена изутрина и дека нивната продажба е поголема, а е ретко конзумирана во рестораните. Истражувачите утврдиле дека поголем број од муштериите купуваат за да си подпивнуваат за време во денот. Тие сакале производ кој ќе можат да го конзумираат со една рака и со кој нема да ризикуваат да си ги извалкаат рацете или облеката (како што се случува со тостовите, џемовите, и лепчињата со колбаси и јајца). Истражувачите заклучиле дека подобра стратегија би била да ги направат млечните шејкови погусти за да траат подолго, сервирани во овошни парчиња (за пиењето да биде поинтересно), или можат муштериите сами да се самопослужуваат.

Во народната култура ‘‘Милкшејк‘‘ е еден од насловите на ар-ен-би електро песна произведена од ‘‘Тхе Нептунс‘‘ за третиот албум ‘‘Тејсти‘‘ на американската пејачка Келис. Песната се појавила на топ-тен листата во Обединетото Кралство, Австралија и Холандија, а Келис се здобила со најголем успех на третото место од сто други на листата н ‘’Билборд Хот’’ во Америка. Песната станала многу слушана на интернет , следејќи го филмот на Паул Томас Андерсон- ‘‘ Тхере вилл би блуд‘‘, каде сцените ( од познатата реченица : ‘‘Пијам од твојот млечен шејк‘‘) биле опишани во песната. Реченицата станала една од најпознатите во филмот како резултат на него станала препознатлива во народната култура.