Микрочитач

Од Википедија — слободната енциклопедија

Микрочитач е оптички инструмент кој овозможува ситниот текст од микрофилмскиот кадар да биде зголемен.

Микрочитачот е специјален апарат кој служи за да се прочитаат ситните текстови од микрофилмот, кој се евидентираат во книга, или за потреба на истражувачите. Во архивската служба евидентирањето на микрофилмуваниот архивски материјал е регулирано како задолжителен дел на евиденција и се заведува во Книгата за евидентирање со внесување на податоци како: реден број, датум, број на примопредавачот , назив на творецот и граничните години. Задолжителната евиденција на микрофилмуваниот материјал ги дава неопходните одговори , и сето тоа се врши со помош на микрочитачот.