Медалјон со три срца

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Медалјон со три срца“ (српски: Медаљон са три срца) – југословенски омнибус-филм од 1962 година, во режија на Владан Слијепчевиќ. Главните улоги ги толкуваат: Северин Бијелиќ, Станислава Пешиќ, Бранка Митиќ, Виктор Старчиќ.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Филмот се состои од три приказни: Во првата, двајца пријатели се сеќаваат на младоста, па заборавајќи ги своите гости и обврските, погрешно го толкуваат однесувањето на една девојка и така остануваат разочарани. Во втората приказна, една петнаестогодишна девојка се заљубува во човек за кого тоа е само неважна средба. Во третата приказна, една млада девојка од стаклената градина го среќава момчето од своите соништа.

Наводи[уреди | уреди извор]