Мајчин јазик (албум)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Мајчин јазик“
Студиски албум од Влатко Стефановски
Издаден16 октомври 2017
Снимен9 септември 2016
април-мај 2017
Жанррок, фолк
Издавачка куќаКроација рекордс
Влатко Стефановски — Хронологија
Сеир Мајчин јазик Taftalidže shuffle

Мајчин јазик е петти соло албум на македонскиот гитарист Влатко Стефановски. Содржи 10 песни, од кои повеќето се дела на македонската традиционална музика, како и аранжмани на песни Бистра вода од албумот Калабалак и Успаванка за Радмила М. од истоимениот албум Биело дугме. Албумот бил издаден во октомври 2017 година од Кроација рекордс.

За албумот[уреди | уреди извор]

Насловната страна на албумот содржи фотографија од неговата мајка Нада во улогата на Маша во драмата на ТолстојЖив труп“ од доцните 1940-ти[1]. Во бонус песната гостин е Раде Шербеџија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Glas.ba (2017-10-16). „Mother tongue / Maternji jezik, novi album Vlatka Stefanovskog“. Glas.ba (босански). Посетено на 2022-04-20.