Мастектомија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Мастектомија
Медицинска процедура

Пациент со извршена мастектомија
MeSH D008408

Мастектомија е медицински термин за хируршко отстранување на едната или двете дојки, делумно или целосно. Мастектомијата најчесто се изведува за да се овозможи лечење на ракот. Во некои случаи, операцијата била извршена профилактично односно превентивно за да се спречи ракот, а не да се лечи бидејќи се сметало дека жените и дел од мажите имале големи шанси да заболат од рак. Со оваа постапка се отстранува и ракот на градата кај мажите. Сепак, некои пациенти сакаат да им биде направена лумпектомија, т.е. широко локално отсекување. Тоа е операција кај која се отстранува мал дел од ткивото на градата кое го содржи туморот заедно со мал дел од околното здраво ткиво со цел да се зачува дојката. Мастектомијата и лумпектомијата спаѓаат во таканаречени „локални терапии“ за рак на градата чија цел е делот на кој се наоѓа туморот наспроти системските терапии како што се хемотерапија, хормонална терапија и имунотерапија.

По традиција, во вакви случаи се отстранувала целата града. Моментално постојат повеќе фактори од кои зависи дали може да се изврши мастектомијата како што се големината на градите, бројот на лезии, биолошката агресивност на рак на градата, можноста за адјувантна радијација и како и тоа пациентот да е подготвен да ги прифати големите шанси за повторно појавување на туморот по лумпектомијата и радијацијата. Истражувањата кои ја споредуваат мастектомијата со лупмектомијата и радијацијата откриле дека рутинските радикални мастектомии не можат секогаш да спречат во иднина пак да се појават нови тумори од микрометастазите пред да се откријат, дијагностицираат и оперираат.

Број на извршени мастектомии[уреди]

Според истражувањето на „Интергруп Ексеместан“, бројот на извршени мастектомии до 2004 година во светот многу варира. Истражувањето претставува анализа на хируршки техники користени во меѓународно тестирање на адјувантна терапија кое е спроведено е во 37 земји, а учествувале 4.700 жени со рак на градата во рана фаза. Најмногу мастектомии имало во Централна и Источна Европа односно 77 %. Потоа следуваат САД со 56%, Западна и Северна Европа со просечни 46%, Јужна Европа со 42% и Австралија и Нов Зеланд со 34%.

Симптоми[уреди]

И покрај многуте техники за зачувување на градите кај пациентите со рак на градата, постојат одредени групи на луѓе кај кои подобри резултати би дала традиционалната мастектомија. Тука спаѓаат:

  • жени кои веќе примале терапија со радијација на заразената града
  • жени кај кои ракот на градата го има на две или повеќе места кои се премногу оддалечени едно од друго за да бидат отстранети со едно хируршко отсекување, притоа зачувувајќи ја градата
  • жени кај кои со првичната лумпектомија проследена со (едно или повеќе) повторни отсекувања ракот не бил целосно отстранет
  • жени со сериозни заболувања на сврзното ткиво како што е склеродерма поради што се посебно чувствителни на несаканите ефекти од радијацијата
  • бремени жени кои би требало да одат на радијација додека се бремени (постои ризик да се наштети на детето)
  • жени со тумор поголем од 5цм (2 инчи) кој не се многу намалува со неоадјувантната хемотерапија
  • жени со рак кој е голем во однос на големината на градата
  • жени кај кои би настанале штетни мутации на BRCA1 или BRCA2 генот и кои се решаваат за профилактично отстранување на градата
  • мажи со рак на градата

Видови[уреди]

Постојат различни видови на мастектомија кои се применуваат. Мастектомијата која пациентот ја избира (или ако наместо неа избира лумпектомија) зависи од повеќе фактори како што се големината, местото на кое се наоѓа како и однесувањето на туморот (ако е едно), потоа дали операцијата е профилактичка и дали пациентот планира потоа да оди на реконструктивна хирургија.

  • Едноставна мастектомија (или „целосна мастектомија“): При оваа процедура се отстранува целото ткиво на градата, но аксиларните делови остануваат недопрен. Понекогаш се отстранува сентинелниот лимфен јазол односно првиот аксиларен лимфен јазол кои метастазираните клетки на ракот би го нападнале. Оваа операција понекогаш се изведува билатерално (на двете дојки) кај пациенти кои сакаат мастектомијата да биде превентивна. Пациентите кои подлегнуваат на едноставна мастектомија обично ја напуштаат болницата по краток престој. Честопати, за време на операцијата, во градите на пациентот се вметнува цевка за дренажа и се приклучува на мала направа за вшмукување за да се отстрани поткожната течност. Цевката обично се отстранува неколку дена по операцијата, бидејќи дренажата се намалува на помалку од 20-30 мл дневно.
  • Модифицирана радикална мастектомија: Се отстранува целото ткиво на градите заедно со аксиларните делови (масно ткиво и лимфни јазли). Во споредба со радикалната мастектомија, градните мускули се зачувуваат.
  • Радикална мастектомија (или „Халстед мастектомија“ ): Прв пат е изведена во 1882 година. Со оваа процедура се отстранува целта града, аксиларните лимфни јазли и поголемите и помалите градни мускули зад градата. Радикалната мастектомија повеќе го изобличува телото од модифицираната радикална мастектомија, а поголемиот дел од туморите не преживуваат. Ваквата операција сега се користи доколку туморот го нападнал големиот граден мускул или доколку туморот повторно се појавува на градниот ѕид.
  • Мастектомија со зачувување на кожата: Кај оваа операција, ткивото на градите се отстранува со умерен рез околу ареолата (темниот дел кој ја опколува брадавицата). Во споредба со традиционалната мастектомија, поголемата количина на зачувана кожа ќе послужи за да се олесни процедурата за реконструкција на градата. Пациентите со рак кој ја зафаќа и кожата, на пример воспалителен рак, не можат да подлегнат на оваа операција.
  • Мастектомија со зачувување на брадавицата/хиподермисот: Ткивото на градите се отстранува, но ареолата и брадавицата се зачувуваат. Оваа процедура во минатото била изведувана само профилактично или со мастектомија за бенигна болест поради стравот од развивање на рак во оставеното ткивото од ареолата. Неодамнешните мастектомии покажуваат дека може да биде онколошки здрава процедура за тумори кои не се наоѓаат под ареолата.
  • Продолжена радикална мастектомија: Радикална мастектомија со ан блок ресекција во внатрешната плевра на внатрешните лимфни јазли на градите кое се извршува преку разделување на градната коска.

Историја[уреди]

Првата мастектомија за рак на градата била изведена уште во 548 година од нашата ера. Аеитус од Амида за прв пат ја предложил оваа операција на царицата Теодора. Таа не сакала да има операција и починала по неколку месеци.

На женските членови на сектата Скоптси во кралска Русија мастектомијата им била ритуал.