Масонска ложа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Масонската ложа, често нарекувана Приватна ложа или Конституивна ложа, е основната организациона единица на масонството. Секоја нова ложа мора да има налог или овластување од страна на Големата ложа, но таа е предмет на нејзино управување само во случај на спроведување на објавениот устав од јурисдикцијата. Како исклучок, трите преживеани ложи кои ја формирале првата позната светска Голема ложа во Лондон (денес позната како Обединета голема ложа на Англија) ја имаат единствената привилегија да работат како безвременски т.е. без таков налог; само една друга ложа работи без налог – тоа е Големата стјуардска ложа во Лондон, иако не е назначена како ,,безвременска”. Масонот има право да ја посети која било ложа, под чија било надлежност (т.е. под надлежност на која било Голема ложа) која е во пријателска врска со неговата. Во некои јурисдикции оваа привилегија е ограничена за масоните Мајстори (т.е. масони кои го завршиле третиот степен на Редот). Тој е најчесто првиот од кој што се бара да ја провери, и потврди, регуларноста во ложата – и да може да ја задоволи ложата со правилност во членството. Масоните се состануваат како ложа за да работат на трите основни степени: Чирак, Калфа и Мајстор (анг. Entered Apprentice, Fellowcraft, Master Mason).

Видови[уреди]

Кимболтон, Нов Зеланд: Масонска ложа бр.123

Масоните се состануваат како ложа, а не во ложа, иако масонските простории често се нарекуваат ложи, како и храмови („филозофски и уметнички“). Во многу земји масонскиот центар или Хол ги заменил овие термини за да се избегне појавување на неправедност и сомнеж. Неколку различни ложи, или други масонски организации, често ги користат истите простории во различно време.

Сината ложа, Мајсторската ложа или Старата мајсторска ложа се однесуваат на ложите кои што повеќе работат на првите три масонски степени, отколку на приклучените масонски редови како што се Јорк ритуалот и шкотскиот ритуал. Терминот „Мајсторска ложа“ се користи во Велика Британија. Сината ложа се однесува на традиционалната боја на обележјата во ложите создадени од англиското или ирското масонство. Иако терминот првично не бил одобрен, тој, во последно време често се користи во Америка.[1]

Истражувачките ложи имаат за цел додатна масонска школарина. „Quatuor Coronati Lodge“ е пример за истражувачка ложа; таа има строго ограничено членство и прима посетители и документи од целиот свет. Многу јурисдикции ја имаат оваа ложа, која што најчесто се состанува поретко од Сината ложа и кај неа нема степени.

Во Велика Британија, Ложата за инструкции може да е поврзана со една ложа, но не е создадена посебно. Ложата за инструкции им дава на Офицерите и на тие кои што сакаат да станат Офицери, можност да присуствуваат на ритуал под водство на искусен брат; исто така, може да има и часови околу ритуалот и симболизмот во ложата која е дел од една Ложа за инструкции, со цел да се развие знаењето и разбирањето на членството.

Во некои јурисдикции во САД, Ложата за инструкции служи како овластена ложа за давање инструкции на кандидатот од други области од масонството покрај присуствувањето на ритуал, како и држење говор на масонски и немасонски теми.

Во Велика Британија, терминот Мајка ложа се користи за да се индентификува некоја ложа каде што една личност за првпат ,,станала масон” (т.е. го достигнала ученичкиот степен). Мајката ложа исто така е ложа која го спонзорира создавањето на нова ложа, Ќерка ложа, за да биде дадена под надлежност на истата Голема ложа; посебни процедури кои се поврзани со ова варираат во текот на историјата и во различни јурисдикции. Ложата мајка Килвининг бр. 0 која е дел од Големата ложа на Шкотска е позната како Мајка ложа на Шкотска, била спомната во Шо статутите од 1598 и 1599, и самата овластувала други ложи кога не била претплатена на Голема ложа.

Организација[уреди]

Ложите се уредуваат од страна на национални, државни или провинциски власти, најчесто нарекувани Големи ложи или Големи ориенти, чии што објавени конституции ја дефинираат масонската структура под нивна надлежност, и кои што назначуваат Големи офицери од нивните постари масони. Провинциските големи ложи (кои што во Англија најчесто одговараат на историските грофовии) имаат посредна надлежност, и исто така назначуваат Провинциски големи офицери.

Различни Големи ложи и нивните региони покажуваат традиционални детали и варијации во степените и праксата; на пример под големата ложа на Шкотска, Марк степенот (кој што не е признаен од Соединетата голема ложа на Англија, но има посебна „Марк голема ложа“) е интегриран во „Мајсторството“ како завршување на вториот степен. Во секој случај, Големите ложи ја ограничиле надлежноста над нивните членови и каде што нема пропишан ритуал ложите можат на тој начин да имаат значителна слобода во работата. И покрај овие мали разлики, постојат братски односи помеѓу ложите кои даваат степени под надлежност на различни Големи ложи.

Членство[уреди]

Откако ложата ќе избере или прифати кандидат во согласност со барањата на Големата ложа, таа ќе одлучи дали на кандидатот да му ги даде степените по ред. Општо земено, оние што го имаат земено само првиот степен (ученик) се сметаат за масони, но имаат ограничени привилегии се додека не го земат степенот за Мајстор; според УГЛЕ само Мајсторот ќе добие сертификат од Големата ложа, кој што може да биде побаран од која било друга ложа која што тој сака да ја посети.

Масоните мајстори се сметаат во текот на целиот нивен живот за членови на ложата во која ги добиваат степените, освен ако не се исклучени од Редот поради непочитување на одредени правила како што се неплаќање на членарина, или ако самите дадат оставка, најчесто од лични причини или за да се приклучат на друга ложа во која што не е дозволено повеќечленство. Еден масон може да биде исклучен од неговата ложа и воопшто од масонството, ако е обвинет за одредени потешки прекршувања на граѓанското или масонското право.

Мајстор масон „во добра положба“ (т.е. чии долгови се исплаќаат на време и кој што не е предмет на масонска истрага или дисциплина) може да се приклучи на друга регуларна ложа; не треба да ги зема неговите степени одново, но може да се очекува од него да и служи на новата ложа која што е на функција.

Ако еден мајстор масон е исклучен од редот поради неплаќање на членарина, во повеќето случаи тој може да биде веднаш вратен во добра положба едноставно со плаќање на неговата моментална членарина како и со заостанатата членарина, иако во многу јурисдикции постои услов да се изгласа реадмисија.

Многу Големи ложи им дозволуваат на Мајсторите масони да бидат „плурални филијали“, или членови на повеќе од една ложа истовремено. Во некои јурисдикции на плуралните филијали им е забрането да служат како еден избран офицер на повеќе од една ложа во кое било дадено време. Овие правила се различни за масоните кои ги имаат степените Чирак и Калфа. Во некои Големи ложи Чиракот или Калфата не може да добие демит, но може да се приклучи на друга ложа со намера да го добие степенот Мајстор масон со согласност од неговата оригинална ложа.

Офицери[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Офицери на масонска ложа.

Имињата, улогите и бројот на офицерите на ложата се разликуваат во голема мера од една јурисдикција до друга. Во повеќето случаи, постои иста функција во Големата ложа на дадената јурисдикција, со додавање на префиксот „Голем“ на титулата која што е во прашање. Постојат одредени „прогресивни“ функции низ кои членовите минуваат преку процес на ефикасна промоција, но исто така и други попостојани функции, кои обично ги извршуваат искусни членови.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]