Македон (митски предок)
Македон — митски предок на Античките Македонци.[1] Според една легенда Македон бил син на Зевс и Тија, ќерката на Девкалион, и брат на Магнет.[2] Според имињата на неговите синови наречени се античкомакедонските градови Пиереја и Аматија. Константин VII Порфирогенит (913 — 959), потпирајќи се на постари извори (Хесикиј од Александрија (V век п.н.е.) вели дека името Македонија доаѓа од името на митскиот јунак Македон. Покрај овој податок зачувани се уште три схолии (коментари) според кои:
Според Аполодор Атински (II век п.н.е.) Македон е син на аркадискиот крал Ликаон кој имал 50 сина.
Според Диодор Сицилиски (I век п.н.е.) Македон бил син на египетскиот бог Озирис. Кога Озирис тргнал да го освојува светот со себе ги повел и своите синови Анубис и Македон. Браќата биле одлични воини, но со различни карактери, првиот потсетувал на куче, а вториот на волк, поради што Анубис бил наметнат со кучешка кожа, а Македон носел волчја глава како симбол. Откако во Тракија го убил кралот Ликург, Озирис го прогласил Македон за крал во земјата која по него го добила името Македонија.[2] Синовите на Македон станале епоними за повеќе области, градови, планини и реки во Македонија.[2]