Анубис
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Анубис е бог од античката египетска религија, претставен со глава во вид на чакал или на куче. Тој се родил така што Нефтида се преправила како Изида, и го завела Озирис да легне со неа. Тој бил одгледан од Изида и кога пораснал ја следел каде и да оди и бил нејзин чувар, а бил исто и чувар на Озирис. Тој имал силно сетило за мирис и и' помагал на Изида да ги пронајде распарчените делови на нејзиниот маж Озирис. Тој бил бог и заштитиник на балзамирачите, лекарите и хирурзите. Бил господар на церемониите. Тој ги водел за рака душите на мртвите низ Аменти - подземното кралство на неговиот татко Озирис. Анубис ѝ помагал на Изида при барањето на расечените делови на Озирис. Анибус бил присутен во подземниот свет при мерењето на терезија на душата на мртвата личност.
Несомнено е дека обожувањето на Анубис започнало од најстари времиња во Египет. Негова мајка била Нефтида, а татко според една верзија му бил Сет; според друга бил син на богот Ра.
Во погребните церемонии, Анубис ја примал мумијата и ги поставувал своите заштитнички раце врз нејзе. Тогаш (според вињетите) тој говори: Дојдов да го заштитам Озирис; а носот на покојникот вели; „Моите усни се усните на Анпу“. Од разните извадоци на „Книгата на Мртвите“ се гледа дека Анубис бил голем бог на Подземниот Свет (т.е. Аменти), така што, неговата величина и важност се речиси исти со оние од Озирис.
[уреди] Наводи
- Египетска религија - египетската идеја за задгробниот живот - Е.А. Волис Баџ
|
|||||