Македонско девојче
Од Википедија, слободната енциклопедија
Македонско девојче е македонска народна песна чиј автор е Јонче Христовски (1964) [1][2][3][4]. Таа е многу популарна и во другите балкански земји, пред сè онаму каде живеат Македонци и каде доминантен етнички елемент е словенскиот.
[уреди] Текст
- Македонско девојче,
- китка шарена,
- во градина набрана
- дар подарена,
-
- Рефрен:
- Дали има н'овој бели свет
- поубаво девојче од Македонче?
- Нема, нема не ќе се роди
- поубаво девојче од Македонче.
- Кога коси расплети
- како коприна
- лична е и полична
- од самовила.
-
- Рефрен:
- Дали има н'овој бели свет
- поубаво девојче од Македонче?
- Нема, нема не ќе се роди
- поубаво девојче од Македонче.
- Кога песна запее
- славеј натпее,
- кога оро заигра
- срце разигра.
-
- Рефрен:
- Дали има н'овој бели свет
- поубаво девојче од Македонче?
- Нема, нема не ќе се роди
- поубаво девојче од Македонче.