Македонска асоцијација на издавачи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонска асоцијација на издавачи
Логото на здружението
КратенкаМАИ
Основана2016
Виднезависно здружение
РегионМакедонија Македонија
ПретседателБојан Саздов
Заменик-претседателЈове Тодоровски
СекретарНаташа Атанасова
Мреж. местоhttps://www.mai.org.mk

Македонската асоцијација на издавачи (МАИ)здружение во Македонија. МАИ е независно, непрофитно и доброволно здружение, кое организирано работи на стручно оспособување и усовршување на своето членство. Здружението постои од 2016 година и оттогаш наваму е фокусирано на активности што придонесуваат за унапредување на работењето на издавачката дејност.

Здружението е постојано активно во делот на организација на саемски и продажни активности, како и на настани за промоција и поттикнување на читачката култура во Македонија.[1] Исто така, МАИ три години ја има претставувано македонската книжевност на најголемиот саем за литература во светот, Саемот на книгата во Франкфурт.[2]

Членки[уреди | уреди извор]

Во здружението членуваат издавачи кои доброволно пристапуваат во него, го имаат прифатено неговиот статут и работат со заеднички цели и интереси во областа на унапредување на издаваштвото, производството на книги, нивна дистрибуција и продажба.

Здружението денес брои 13 членки: „Три“, „Арс ламина“, „Полица“, „Култура“, „Антолог“, „Сакам книги“, „Бата прес“, „Ѓурѓа“, „Топер“, „Едука мак“, „Мартина“, „Паблишер“ и „Феникс“.[1]

Од статутот[уреди | уреди извор]

Најважните цели и задачи на здружението, истакнати во Статутот на МАИ, како и на веб-страницата на здружението, се следниве:[1]

• Поттикнување на соработка помеѓу издавачите и книжарите.

• Промовирање и заштита на професионалните интереси на издавачите во односите со државните органи и организации при донесување на законски и подзаконски акти кои се однесуваат на издавачката и книжарската дејност.

• Унапредување на условите и начинот на продажба на книгите.

• Грижа за спроведување на целата законска регулатива поврзана со издавачката и книжарската дејност.

• Организација на саемски манифестации, изложби и комерцијални презентации во земјата и странство.

• Промовирање на кодекс на однесување помеѓу издавачите и книжарите во смисла на коректна меѓусебна соработка.

• Имплементација на стандарди за редакциска работа.

• Промовирање на солидарност помеѓу членовите на здружението.

• Развивање и унапредување на меѓусебните односи помеѓу членовите на здружението и останатите учесници во производството и пласманот на книги, пред сè фабриките за хартија, печатниците и трговските и книжарските друштва.

• Информирање на издавачите и книжарите во Македонија и странство.

• Застапување на издавачите и книжарите пред државните органи.

• Унапредување и афирмација на издаваштвото и книжарството во Македонија.

• Грижа за изедначување на условите на пазарот за сите учесници во него.

• Подобрување на книжарската мрежа во државата и грижа за нејзино снабдување и пласман на домашна и странска литература.

• Организација на семинари и едукација на кадри за работа во книжарството и друго.

Раководство на МАИ[уреди | уреди извор]

Во моментов, претседател на Македонската асоцијација на издавачите е Бојан Саздов, главен уредник на издавачкиот центар „Три“, заменик-претседател е Јове Тодоровски, директор на издавачката куќа „Полица“, а секретар на МАИ и лице за односи со јавноста е Наташа Атанасова.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „За нас“. mai.org.mk. Посетено на 9 јуни 2021.
  2. „Македонски ден на Саемот на книгата во Франкфурт 2019“. Blog.literatura.mk преку Web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2021-01-28. Посетено на 9 јуни 2021. Занемарен непознатиот параметар |datе= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]