Луд, збунет, нормален (6 сезона)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Шестата сезона на телевизиската серија Луд, збунет, нормален премиерно била прикажана на Нова ТВ во Хрватска во периодот од 3 ноември 2014 година до 1 април 2015 година.

Дејство[уреди | уреди извор]

Иако сите помислиле дека Фазлиновиќ загинал во авионската несреќа на патот кон Стокхолм, тие сепак успеаале случајно да преживеат.Всушност поради Фарук тие задоцниле на авионот. Во Сараево, во меѓувреме, верувајќи дека починале, сите ќе се обидат да извлечат некаква корист од нивните предмети. Еден од водачите на иницијативата е Самир. Бахро Бурек доаѓа во продукција на „Акорд“. Бурек е сценарист и ТВ-продуцент кој излегува со предлог да снима ТВ-серија. За да ја добие работата, Фарук мора да купи ХД камера. Поради тоа, тој станува подготвен на сè, дури и да се занимава со проституција, а Индира ќе се погрижи за тој „бизнис“. Менторот наследува два милиони долари во новата сезона, но тој не сака никој да го дознае тоа.Откако ќе се договорат да ја снимаат серијата,Фарук ќе ја преземе режисерката палка.Изет управува со финансиите и тие се согласуваат со Марија да ја постават сценографијата на просторот на кафулето Сан Ремо. Главната женска улога ќе и припадне на Барбара. Братот на Комбет, Куфе, потекнува од Америка, тој започнува да работи како инженер за звук во продукцијата. Дамир и Барбара сакаат да ја обноват својата врска и планираат голема венчавка. Сепак, тие ќе бидат изненадени од информацијата дека никогаш не биле разведени. Фарук и Сенада исто така сакаат да ја обноват својата врска, но работите не одат според нивниот план.Изет е во врска со Ружа,мајката на Барбара. Бидејќи сите се против оваа врска, особено Дамир и Барбара, тие решаваат да се гледаат во тајност. Нивната љубовна идила ќе трае сè додека Изет на сфати дека таа „Титомрзец“. Изет се решил да замине во Шведска на операција поради здравствени проблеми. За да обезбеди пари за операцијата, тој го продава станот, и тоа не на било кого.

Забелешка[уреди | уреди извор]

  • Епизодите во шестата сезона не содржат наслови (од 145 до 168 епизода), но има кратки поуки поврзани со секоја епизода. Имињата на епизодите во споменатата сезона се појавиле на различни портали, кои немаат релевантен извор.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]