Леонбергер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Леонбергерот е големо, силно, мускулесто, елегантно и складно градено куче. И покрај палавиот темперамент многу е самоуверен и мирен. Според некои теории ова куче има потекло од тибетските доги. Има долги и мазни влакна. На вратот и главата се забележува богата длака. Има лавовска или златножолта до црвеножолта боја со црно лице. Врвовите на влакната можат да бидат темни. Во 1860-тата год. Градоначалникот на градот Леонберг посакал да одгледа куче кое ќе биде слично на лавот што се наоѓал на градскиот грб. Додека настанувало ова големо куче , бернандинецот бил омилен во светот и сите сакале да имаат големо куче. Долго време во кинолошките друштва Леонбергерот бил само критикуван. И покрај се, како големо куче, тој успеал да се одржи. Тој е добродушно и верно куче кое ги сака децата. Не е агресивен, но е добар и непоткуплив чувар.Преодреден е да живее надвор, а не во стан, поради тоа што му е потребен поголем простор. Многу тешко ги поднесува ограничувањата во град. Неопходно му е внимание и љубовта на човекот.Силно е приврзан кон газдата. Отпорен е на временски неприлики и е здраво куче.

Леонбергер