Ланолин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Маст со ланолин

Ланолин е масна материја што се добива од овча волна, а се употребува за изработка на козметички производи и на лековити масти. Од 45 kg волна се добива 1-2 kg ланолин. Ланолинот е составен од восочни естри (97% од вкупната маса), а остатокот го сочинуваат ланолин алкохоли, ланолин киселини и ланолин јаглеводороди.