Крал Шкорпија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шкорпија
[[Податотека:Шкорпиевата поздоганова глава, Ешмолејски музеј, Оксфорд|frameless|alt=|]]
Фараон на Египет
Претходник Ка?
Наследник Нармер?
Закопан Можеби гробницата U-j,
Ум ел-Каб, Абидос

Шкорпија, Крал Шкорпија, или ретко Серкет, е вториот од двата крала на Горен Египет со тоа име кои владееле за време на Протидинастичкиот период. Неговото име веројатно е поврзано со божицата Серкет.

Единстевеното сликовно сведоштво за неговото постоење е глава од боздоган пронајдена во главниот наоден слој во храм кај Нехен. Стратографијата на оваа глава е загубена заради методите на ископување, но стилски овој предмет датира од самиот крај на протодинастичкиот период.[1]. Шкорпија II е кралот познат по своите две церемонијални боздоганови глави од камен, пронајдени во последната декада од XIX век во т.н. Главен слој во стариот дел од храмот на Хиераконполис. Иако се доста оштетени, видливите делови претставуваат исклучителни записи од раната египетска историја. Се смета дека тој живеел веднаш пред или за време на владеењето на Нармер во Тинис поради тоа, а и поради содржината на главата. Протодинастичките хиероглифи се тешки за читање, но мртвите виваци (значи египјани) и деветте лака (значи традиционалните непријатели на Египет) на главата се толкуваат како сведоштво дека тој започнал со напади на Долен Египет, што подоцна резултирало со победа на Нармер и обединување на земјата.[2]

Некои велат дека бидејќи во ова време египетските кралеви имале повеќе имиња, Шкорпија е всушност друго име за кралот Нармер. Други велат дека името на неговиот претходник, Ка, е само стилистички поинаква верзија на Шкорпија, и дека двајцата се една иста личност, чие име би било Сехен.[3]

Во коро време е пронајден 5000 години стар графит од страна на Проф. Џон Даарнел од универзитетот Јеил. На него стојат симболите на Кралот Шкорпија и неговата победа над некој друг прадинастички владетел. Сликата била прикажана на посебна емисија на каналот History Channel.[1]

Видете исто така[уреди]

Портал „Египтологија

Наводи[уреди]

  1. Shaw, Ian; и Nicholson, Paul. The Dictionary of Ancient Egypt. стр. 254. The British Museum Press, 1995
  2. Edwards, I.E.S., The Early Dynastic Period in Egypt. во The Cambridge Ancient History, том 1, дел 2, изд. Edwards, I.E.S и др. стр. 6. Cambridge University Press, 1965.
  3. Edwards, I.E.S., The Early Dynastic Period in Egypt. во The Cambridge Ancient History, том 1, дел 2, изд. Edwards, I.E.S и др. стр. 3. Cambridge University Press, 1965.
Претходник
Ка?
Фараон на Египет
Протодинастички
Наследник
Нармер?