Косињски мост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Косињски мост

Косињски мост – камен мост, долг седумдесет метри преку реката Лика, кој ги спојува Горен и Долен Косињ. Го проектирал Миливој Фрковиќ, и е изграден по урнек на старохрватската мостоградба, со техниката „вклинување на камења“. Мостот е единствен по отворите и лаковите кои имаат функција на растоварување на водениот бран при ударот во мостот.

Изградбата на мостот почната во 1929 година, а во декември 1936 година, бил пуштен во сообраќај. Должината на мостот со потпорните делови изнесува 70 метри, а ширината меѓу камените парапети е 5,5 метри.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]