Корисник:Ivana paceska1412/Margaret fuler

Од Википедија — слободната енциклопедија

[[Сара Маргарет Фулер Осоли]], позната уште и како Маргарет Фулер

 (23 мај 1810 - 9 јули 1850) е американска новинарка, 

критичарка и застапничка на правата на жените, што се поврзува со

трансенденталистичкото движење во САД. Таа била првата рецензентка и
критичарка во новинарството.
Нејзината книга  Жените во деветнаесетиот век  се
смета за едно од најзначајните феминистички дела во САД.

Родена како Сара Маргарет Фулер, во Кембриџ, Масачусетс, била мошне рано образувана од нејзиниот татко, Тимоти Фулер. Подоцна се здобила и со формално образование и работела како учителка, пред да почне да се занимава со она што таа го нарекла „дијалози“: дискусии помеѓу жени, кои сакале на тој начин да го надоместат нивниот недостиг од високо образование. Таа станала и првиот уредник на трансенденталистичкиот весник Дајл.. Во 1840, пред да се придружи на Њујорк Тибуjн, во 1844, под раководство на Хорас Грејли, во тоа време таа веќе имала 30 години и се стекнала со репутација на најучена личност во Нова Англија, и помеѓу мажите и помеѓу жените, и станала првата жена накоја й било дозволено да ја употребува библиотеката на колеџот Хардвард. Нејзинотодело Жените во деветнаестеиот век било објавено во 1845. По неколку години, била испратена во Европакако првиот женски коресподент за Трибјун.

Набргу таа се вклучила и во револуцијата во Италија и се здружила со Ѓузепе Мазини.
Била во врска со Џовани Осоли, маркиз кому му било одземен
имотот од страна на неговото семејство, поради фактот што 

го поддржувал Мазини. Фулер со него имала и дете.

         Фулер била заштитничка на правата на жените и општо на правото на
жената за образование и вработување.
Таа исто така, вклучила и многу други реформи во општеството,
како на пример, реформите во затворот и реформите за
еманципација на робовите во САД. 
Многу од останатите застапници на феминизмот и правата 

на жените се инспирирани од Фулер и ја цитираат, меѓу кои е и Сузан Антони. Сепак,голем број од нејзините современици, како на пример нејзината поранешна пријателка,

Хариет Мартине, не ја поддржувале. Таа сметала дека Фулер повеќе е филозоф одошто активист.
 Кусо време по смртта на Фулер, 

нејзината важност опаднала; уредниците кои ги подготвувале

нејзините  писма  за објавување,  верувајќи дека нејзината слава ќе биде краткотрајна,
не ги пренеле веродостојно и биле цензурирани или во поголем дел изменети.

Детство и семејство

         Сара Маргарет Фулер е родена на 23 мај 18101 
во Кембриџпорт, Масечусетс,како прво дете на  Тимоти Фулер и Маргарет Крејн Фулер. 
Името й било дадено по  баба й од страната на татко й;
сепак, веќе на девет години го имала исфрлено името Сара
и инсистирала да ја викаат Маргарет2. 

Куќата на Маргарет Хаус, каде што и е родена, се’ уште постои.

Татко й  ја научил да пишува и да чита, на возраст од три и пол години,
кусо време откако втората ќерка на брачниот пар,  Џулија Аделаид, 

починала на возраст од 14 месеца3. Тој й овоможил строго образование,

кое било карактеристично само за момчињата тогаш и й забранил да чита 

типична женскалитература за тоа време, како на пример сентименталните романи 4.

Откако им се родил син, Јуџин, во мај 1815,
започнал да ја учи и латински и набргу Маргарет
почнала да преведува некои поедноставни извадоци од  Вергилиј5.  

Подоцна во животот, Маргарет се изјаснила дека строгоста на нејзиниот татко и неговото инсистирање на точност и прецизност биле причина за нејзините кошмарите и месечарство како дете6. Во текот на денот Маргарет поминувала време со мајка й,

која ја учела на  извршување на домашните обврски  и да шие7. Во 1817 година се родил 

нејзиниот брат Вилијам Хенри Фулер, а нејзиниот татко бил избран за претставник во

Конгресот на САД. Во наредните 8 години, тој минувал 4-6 месеца годишно во Вашингтон8. 
На десетгодишна возраст,Фулер напишала тајна белешка, која татко ја зачувал:
„На 23-ти мај  1810, се роди душа, предодредена за тага и болка, која како и другите,
ќе страда“9 .

Фулер го започнала своето формално образование во Порт, Кембриџпорт, во 18196, пред да отиде во Бостонскиот Ликеј за девојки, од 1821 до 1822.10 Во 1824, таа била испратена во училиштето за девојки во Гротон, по убедување на тетките и чичковците, иако на почетокот таа и се противела на оваа идеја. 11 Додека била во Гротон, Тимоти Фулер, со цел да му помогне на Џон Квинси Адамс, околу неговата претседателска кампања, во 1824, не се кандидирал за повторна селекција; се надевал дека Адамс, за возврат, ќе му овозможи убава позиција во владата.12 На 17 јуни 1825, Фулер присуствувал на церемонијата, кога херојот од Американската револуционерна војна, Маркизот де Лафајет, ги поставил темелите на споменикот Банкер Хил, 50 години по битката.13 Фулер го напуштила училиштето во Гротон и се вратила дома, на возраст од 16 години, откако поминала таму 2 години.14 Дома, ја проучувала класиката и ги учела модерните јазици, од различни примероци од светската литература. 15 Дотогаш таа веќе имала согледано дека не се вклопува во друштвото на другите девојки на нејзина возраст. Таа напишала: „Се чуствував како мојата судбина да не се совпаѓа со судбината на женскиот род“.16 Елиза Фарар, жената на хардвардскиот професор Џон Фарар и авторка на Пријателот на младата дама (1836), се обидувала да й ја наметне етикетата на женственоста, пред да наполни 20 години.17 Сепак, никогаш не успеала во тоа.18

Рана кариера
          Фулер била  страстен читач,  додека да наполни 30 години, таа стекнала 

репутација на најначитана личност, и помеѓу мажите и помеѓу жените, во Нова Англија.19 Таа своето знаење го употребувала за приватни часови, користејки го

предавачкиот стил на Елизабет Палмер Пибоди.20 Фулер сакала
да заработува од преводи и новинарство; нејзиното прво објавено дело,
одговор на историчарот Џорџ Банкроф, се појавило во ноември 1834 година,
во Северноамериканска критика. 21  

Кога имала 23 години, поради падот на правната канцеларија на нејзиниот татко, тие се преселиле во Гротон.22 На 20 февруари 1835, Фредерик Хенри Еџ и Џејмс Фриман Кларк, побарале напишани статии во весник од неа, со цел да ги објават во весници со висока репутација. Кларк й помогнал да ја објави нејзината прва книжевна критика во Западен гласник, во јуни, критики на неодамнешните биографии на Џорџ Краб и Хана Мур.23 Есента истата година, таа добила ужасна мигрена со треска, која траела девет дена; Фулер имала ужасни главоболки во текот на целиот нејзин живот.24 Додека се уште се опоравувала, нејзиниот татко починал од колера на 2 октомври 1835.25 Таа била длабоко погодена од неговата смрт: „Ликот на татко ми ме следи постојано“, напишала таа.26 Таа ја презела улогата на глава на семејството и се грижела за нејзината мајка -неодамнешна вдовица, и за помладите роднини.27 Татко й не оставил тестамент, па двајца од нејзините вујковци ја презеле контролата врз нејзиниот имот и финансии, кои подоцна достигнале до 18.098,15 долари и го принудиле семејството да се потпира на нив за издржување. Понижена од начинот на кој нејзините вујковци се однесувале кон неа, Фулер напишала дека „сега жали што припаѓа на понежниот пол, повеќе од кога било “.28 Во тој период, Фулер сакала да подготви биографија на Јохан Волфганг Гете, но сметала дека ќе може да работи на тоа само доколку патува во Европа. Смртта на татко й, ненадејните дополнителни обврски за семејството, придонеле да ја отфрли оваа идеја.21 Во 1839, Фулер добила работа како учителка во Бронсон Алкотс Темпл29, каде останала една година. Тогаш, добила покана да предава во Грин Стрит, во Провиденс, Род Ајленд, во април 1837, за невообичаено висока плата од 1.000 долари годишно.30 Нејзиното семејство ја продало фармата во Гротон, а Фулер се преселила со нив во Јамајка Плејн, Масачусетс.31 На 6 ноември 1839, Фулер ги одржала првите нејзини „дијалози“32, дискусии помеѓу локални жени, кои се среќавале во Бостонскиот дом на Пибодиеви.33 Фулер ги зачестила овие средби со цел да го надополни недостигот од образование за жени 34 преку дискусии и дебати, кои се однесувале на различни теми, меѓу кои и: уметност, историја, митологија, книжевност, природа.35 Во функција на „јадро“ на дискусијата, Фулер се залагала да пронајде одговори на „големите“ прашања со кои се соочувале жените, како: „Зошто сте родени, која е вашата задача? Како да го извршите тоа?“ (Малкумина се занимавале со сето тоа, се дури не им поминат нивните најубави години)“.36 Голем број значајни фигури во движењето за женските права ги посетувале овие „дијалози“, меѓу кои и Софија Дана Рипли, Каролина Стругис37 и Марија Вајт Ловел.32


The Dial (Дајл)

             Во октомври 1839, Ралф Валдо Емерсон барал уредник на неговиот 

трансценденталистички весник The Dial. Откако неколкумина ја одбиле оваа понуда, тој й ја понудил на Фулер, обраќајќи й се како „моја забавна пријателке“38. Емерсон за првпат ја сретнал Фулер на Кембриџ во 1835; за време на средбата тој признал дека „таа го насмеала повеќе одшто сакал“. Следното лето, Фулер поминала две недели во домот на Емерсон, во Конкорд, каде им се зацврстило пријателството.39 Фулер ја прифатила понудата на Емерсон да биде уредник на Дајл, на 20 октомври 1839, иако започнала со работа дури првата недела од 1840.40 Таа го уредувала весникот првите две години, од неговото постоење, од 1840 до 1842, иако нејзината ветена плата од 200 долари годишно никогаш не й била исплатена41. Поради нејзината улога, набргу таа била прогласена за една од најзначајните фигури на трансцеденталното движење и била поканета на Фармата на Џорџ Рипли, комунален експеримент.42 Иако Фулер никогаш не й се приклучила официјално на комуната, била редовен посетител, честопати ја поминувала и Новата Година таму.43 Летото 1843 година, таа патувала во Чикаго, Милвоки, Ниагарините водопади и Бафало, Њујорк;44 каде имала средби со неколку домородци, вклучувајќи и членови од племињата Отава и Чипева.45 Нејзините искуства ги напишала во книгата наречена Летото на езерата 44, која ја завршила на нејзиниот 34 роденден, во 1844.46 Критичарот Еверт Август Дајчинк ја нарекол „единствената оригинална книга на која можам да се сетам од овој период“.47 Фулер ја користела библиотеката на хардвардскиот колеџ за истражувањата поврзани со регионот на Големите езера44, со што станала првата жена на која й било дозволено да ја користи библиотеката на Хардвард.48 Едно од најважните дела на Фулер, „Големата парница“, било напишано во делови, во весникот Дајл. Првично требало да се вика, Големата парница: Мажи наспроти мажи, жени наспроти жени; 49 кога била завршена и издадена независно во 1845, била насловена како Жените во деветнаесетиот век. Откако ја завршила, таа му напишала на еден пријател: „Вложив огромен дел од себеси во тоа и се чуствувам дека сега и да си заминам, ќе оставам доволно голем печат на земјата“.50 Делото се однесувало на улогата што жените ја имаат во американската демократија и ставот на Фулер во поглед на можностите за подобрување. Оттогаш, тоа станало еден од најважните документи во американскиот феминизам.51 Се смета дека тоа е еден од првите од таков вид во САД.50, 52


Њујорк Трибјун, патувањето во Европа и смрттa

           Фулер го напуштила Дајл во 1844, делумно поради влошеното
здравје, но и поради разочарувањето од намалениот интерес.53 

Се преселила во Њујорк, таа есен й се придружила на Њујорк Трибјун

на Хорас Грили, како книжевен критичар, со што станала првиот рецензент 

на книги со полно работно време во историјата на новинарството.54 До 1846, таа веќе станала првата жена-уредник.55 Нејзиниот прв напис, критика на збирката есеи од Емерсон, излегол во печат на 1 декември 1844 година.56 Во тоа време, весникот имал околу 50.000 претплатници, а Фулер заработила 500 долари годишно.57 Покрај американските книги, таа рецензирала и странска литература, концерти, предавања и изложби.58 Во текот на четирите години на објавување, таа објавила повеќе од 250 колумни.57 Во нив, Фулер опфатила теми од уметноста и литературата, па до политички и социјални прашања, како прашањето околу робовите и правата на жените.59 Исто така, објавувала и поезија, кои се засновале на делата на Емерсон, ја немале таа интелектуална живост, како нејзините критики. 60Во тој период, таа била вмешана и во скандал со Едгар Алан По, кој јавно флертувал со мажената Франсис Сарџент Осгуд.61 Во исто време, друга поетеса, Елизабет Ф. Елет, била вљубена во По и била љубоморна на Осгуд 62 и ширела гласишта дека врската меѓу По и Осгуд е повеќе од само безопасен флерт.63 Осгуд затоа ги испратила Фулер и Ен Линч Бота во куќата на Едгар Алан По, од нејзино име, да го замолат да й ги врати интимните писма, кои таа му ги испратила. Разлутен поради нивното вмешување, По ги нарекол „душкала“.64 Се раширил јавен скандал, кој траел се додека оттуѓениот сопруг на Осгуд, Самјуел Стилман Осгуд, не истапил јавно и не й се заканил на Елет.65 Фулер била испратена во Европа, во 1846 година, од името на Њујорк Трибјун, поточно во Италија и Англија, како странец-коресподентка.66 Пролетта 1864, го запознала Џузепе Мазини и италијанскиот револуционер Џовани Анџело Осоли, кој ќе биде нејзиниот животен партнер и со кого имала и дете. На 19 јули 1850 година, бродот со кој патувале накај Њујорк удрил во песочен брег, кај Огнениот Остров, Њујорк. Сите три члена од семејството загинале во бродската несреќа. Телото на Фулер, никогаш не било пронајдено.

Наводи[уреди | уреди извор]

{{1 ^ Nelson, Randy F. The Almanac of American Letters. Los Altos, California: William Kaufmann, Inc., 1981: 42. ISBN 0-86576-008-X 2 ^ Von Mehren, 10 3 ^ Von Mehren, 11–12. 4 ^ Douglas, 264. 5 ^ Von Mehren, 12. 6 ^ a b Baker, Anne. "Margaret Fuller" in Writers of the American Renaissance: An A to Z Guide. Denise D. Knight, editor. Westport, CT: Greenwood Press, 2003: 130. ISBN 0-313-32140-X 7 ^ Blanchard, 19. 8 ^ Von Mehren, 13. 9 ^ Deiss, 277. 10 ^ Powell, John. "Fuller, Margaret" in Biographical Dictionary of Literary Influences: The Nineteenth Century, 1800-1914. Westport, CT: Greenwood Press, 2001: 164. ISBN 0-313-30422-X 11 ^ Blanchard, 41. 12 ^ Von Mehren, 29. 13 ^ Von Mehren, 28. 14 ^ Blanchard, 46. 15 ^ a b Kane, Paul. Poetry of the American Renaissance. New York: George Braziller, 1995: 156. ISBN 0-8076-1398-3. 16 ^ Slater, 19. 17 ^ Blanchard, 61–62. 18 ^ Slater, 20. 19 ^ Douglas, 263 20 ^ Von Mehren, 82 21 ^ a b Dickenson, 91 22 ^ Slater, 22–23 23 ^ Von Mehren, 64–66 24 ^ Blanchard, 92 25 ^ Von Mehren, 71 26 ^ Blanchard, 93 27 ^ Von Mehren, 72 28 ^ Von Mehren, 75 29 ^ Blanchard, 106–107 30 ^ Slater, 30–31 31 ^ Slater, 32 32 ^ a b Slater, 43 33 ^ Wineapple, Brenda. "Nathaniel Hawthorne 1804–1864: A Brief Biography", A Historical Guide to Nathaniel Hawthorne, Larry J. Reynolds, ed. New York: Oxford University Press, 2001: 25. ISBN 0-19-512414-6 34 ^ Cheever, 32 35 ^ Gura, 134 36 ^ Marshall, Megan. The Peabody Sisters: Three Women Who Ignited American Romanticism. Boston: Houghton Mifflin Company, 2005: 387. ISBN 978-0-618-71169-7 37 ^ Marshall, Megan. The Peabody Sisters: Three Women Who Ignited American Romanticism. Boston: Mariner Books, 2005: 386–387. ISBN 978-0-618-71169-7 38 ^ Gura, 128 39 ^ Slater, 47–48 40 ^ Von Mehren, 120 41 ^ Dickenson, 101–102 42 ^ Gura, 156 43 ^ a b Blanchard, 187 44 ^ a b c Blanchard, 196 45 ^ Slater, 80 46 ^ a b Slater, 82 47 ^ Von Mehren, 217 48 ^ Slater, 83 49 ^ a b Von Mehren, 192 50 ^ a b Slater, 89 51 ^ Von Mehren, 166 52 ^ a b Gura, 172 53 ^ Gura, 225 54 ^ Callow, Philip. From Noon to Starry Night: A Life of Walt Whitman. Chicago: Ivan R. Dee, 1992: 110. ISBN 0-929587-95-2 55 ^ Cheever, 175 56 ^ Slater, 97 57 ^ a b Gura, 226 58 ^ Von Mehren, 215 59 ^ a b Gura, 227 60^ Watts, Emily Stipes. The Poetry of American Women from 1632 to 1945. Austin, Texas: University of Texas Press, 1978: 182. ISBN 0-292-76540-2 61 ^ Silverman, Kenneth. Edgar A. Poe: Mournful and Never-ending Remembrance. New York: Harper Perennial, 1991: 280. ISBN 0-06-092331-8 62 ^ Meyers, Jeffrey. Edgar Allan Poe: His Life and Legacy. New York: Cooper Square Press, 1992: 190. ISBN 0-8154-1038-7 63 ^ Meyers, Jeffrey. Edgar Allan Poe: His Life and Legacy. New York: Cooper Square Press, 1992: 191. ISBN 0-8154-1038-7 64 ^ a b Von Mehren, 225 65 ^ Moss, Sidney P. Poe's Literary Battles: The Critic in the Context of His Literary Milieu. Southern Illinois University Press, 1969: 215. 66 ^ Cheever, 176 Prevod na beleskite navedeni prethodno 1.Нелсон, Ренди Ф. Алманахот со американски писма Лос Алтос, Калифорнија: Вилијам Кауфман, Инц, 1981: 42. 2. Фон Мерен, 10 3. Фон Мерен, 11-12 4. Даглас, 264. 5. Фон Мерен, 12. 6. Бакер, Ен. „Маргарет Фулер“ во Писателите на американската ренесанса: од А до Ш. Денис Д. Најт, издавач. Вестпорт, ЦТ: Гринвуд Прес, 2003: 130. 7. Бланчард, 19. 8. Фон Мерен, 13. 9. Деис, 277. 10. Пауел, Џон. „Фулер, Маргарет“ во Биографски речник на книжевни влијанија: Деветнаесетти век, 1800-1914 Вестпорт, ЦТ: Гринвуд Прес, 2011: 164. 11. Бланчард, 46. 12. Фон Мерен, 29. 13. Вон Мерен, 28. 14. Бланчард, 46. 15. Кејн Пол. Поезија на американската ренесанса. Њујорк: Џорџ Бразилер, 1995; 156. 16. Слатер, 22-23 17. Бланчард, 61-62 18. Слатер, 20. 19. Даглас, 263 20. Фон Мерен, 82 21. Дикенсон, 91 22. Слатер, 22-23 23. Фон Мерен 64-66 24. Бланчард, 106-107 30. Слатер, 30-31 31. Слатер, 32 32. Слатер, 43 33. Вајнепл, Бренда „Натаниел Хауторн 1804-1864: Куса биографија“ Историски водич за Натаниел Хауторн, Лери Џ. Рејнолдс, из. Њујорк: Оксфорд Прес, 2001:25. 34. Чивер, 32 35. Гура, 134 36. Маршал Меган. Сестрите Пибоди: Трите жени кои го пламнаа американскиот романтизам. Бостон: Хаутон Мифин Компани, 2005: 387. 37. Маршал, Меган. Сестрите Пибоди: Трите жени кои го пламнаа американскиот романтизам. Бостон: Маринер , 2005: 386-387. 38. Гура, 128 39. Слатер, 47-48 40. Фон Мерен, 120 41. Дикенсон, 101-102 42. Гура, 156 43. Бламчард, 187 44. Бланчард, 196 45. Слатер, 80 46. Слатер, 82 47. Фон Мерен, 217 48. Слатер, 83 49. Фон Мерен, 192 50. Слатер, 89 51. Фон Мерен 52. Гура, 172 53. Гура, 225 54. Калоу Филип. Од пладне до звездена ноќ: Животот на Валт Витман. Чикаго: Иван Р. Ди, 1992: 110. 55. Чивер, 175 56. Слатер, 97 57. Гура, 226 58. Фон Мерен, 215 59. гура, 227 60. Вотс, Емили Стајпс. Американската женска поезија од 1632 до 1945. Остин, Тексас: Университетот во Тексас, 1978:182

61. Силверман Кенет. Едгар Алан По: Mournful and Never-ending Remembrance Њујорк: Харпер Перениал, 1991: 280.

62. Маерс, Џефри. Едгар Алан По: Живот и дело. Њујорк: Купер Сквер Прес, 1992: 190. 63. Меарс Џефри. Едгар Алан По: Живот и дело. Њујорк: Купер Сквер Прес, 1992: 191. 64. Фон Мерен, 225 65. Мос, Сидни П. Poe's Literary Battles: The Critic in the Context of His Literary Milieu. УниThe Dial (Дајл)Њујорк ТрибјунРалф Валдо Емерсонверзитет Јужен Илиноис Прес., 1969: 215. 66. Чивер, 176 }}

http://en.wikipedia.org/wiki/Margaret_Fuller[уреди | уреди извор]